логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Извор: БГНЕС

   

Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Стефан денес беше примен од Бугарскиот Патријарх Неофит. Ова е прва нивна средба откако МПЦ-Охридска архиепископија побара бугарската да биде нејзина Црква-Мајка и така да добие автокефалност, пренесе репортер на БГНЕС. Македонскиот Архиепископ Стефан беше придружуван од Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, којшто е одговорен за надворешните односи на МПЦ-Охридска архиепископија.

Пред водителот на предавањето „Вера и општество“, Горан Благоев, Бугарскиот Патријарх Неофит изјави: „Не е лесен крстот, којшто Бугарската црква го зема, зашто досега ништо не се правеше за решавање на проблемот со Македонската архиепископија. Нека сега Божјата премудрост ги умудри учесниците во меѓуцрковната комисија, за да се постигне посакуваниот од сите нас резултат!“

Македонскиот Архиепископ Стефан им заблагодари пред камерата на „Вера и општество“ на сите во Бугарија, коишто го поддржуваат желанието на МПЦ-Охридска архиепископија да добие признание на својата автокефалност. Тој беше категоричен: „Писмото, коешто го испративме до Бугарската патријаршија, дека таа може да е наша Црква-Мајка, е донесено во полно единомислие од нашиот Свет синод. Некои од собраќата може да имаат и свое гледиште, но е важно што решава и вели мнозинството!“.

На 27-ми ноември Патријархат и синодалните митрополити го разгледаа писмото на МПЦ-ОА од 9 ноември, во коешто таа моли да биде призната како автокефална црква, а исто така побара Бугарската православна црква да стане нејзина Црква-Мајка. Пред Синодалната палата множество граѓани се собраа на молчаливо бдение за поддршка на барањето Бугарската патријаршија да биде Црква-Мајка на Македонската архиепископија.

„Треба да ја примиме протегнатата рака на Македонија. Тоа е најмалото што можеме да го направиме, затоа што тие се наши браќа, наш народ. Ќе се стремиме да го запазиме неговото единство“, изјави тогаш пред БГНЕС Патријарх Неофит. Видни општественици, новинари, учени, претставници на големи македонски родови, како Миладинови и Дрангови, Шапкареви, Прличеви и Развигорови, излегоа во поддршка на барањето на МПЦ. Според нив Бугарската патријаршија ги има своите основанија категорично да ја потцрта историската вистина за происходот на возобновената како Македонска православна црква – Охридска архиепископија, како и за нејзиното егзархиско наследство.

Тие подвлекоа дека без подвигот на нашите предци, вклучително и на тие од Вардарска и Беломорска Македонија, коишто постигнаа црковна независност за поголемиот дел од православните Бугари на Балканот во ХIХ в., денес не би постоеле ниту Бугарската патријаршија, нито Македонската архиепископија, којашто се јавува како наследник на македонските епархии на Бугарската егзархија.

Струмичкиот владика Наум, пред заседанието, изјави за БГНЕС, дека нема ништо поприродно од тоа Бугарската патријаршија да стане Црква-Мајка на МПЦ-ОА. Уште повеќе, дека такво барање било испратено и порано од некои бугарски архиереи.

21.12.2017 лето Господово



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4481
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4265
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3749
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…