Архимандрит Авксентиј - БОГОЈАВЛЕНИЕ
Големиот водосвет е едно од најторжествените чинодејствија во богослужбената традиција на Православната Црква. Основна тема во неговата содржина е споменот на крштевањето на Господ Исус Христос, при што се открива не само прототипот на таинственото измивање на гревовите, туку и реалното осветување на самата природа на водата, преку потопувањето во неа на Бог, Кој дошол во тело.