Не очајувајте во неволјите и не кревајте раце од сè. Почесто читајте го Евангелието. Исус Христос им проштавал на сите кои се каеле, но и предупредувал: „Оди си и не греши повеќе“. Почесто прибегнувајте кон Него, бидете свесни за своите недела, молете за помош, принудете се секогаш, како гласно, така и во себе, да ја повторувате Исусовата молитва.
Еромонах Јосиф: Богородица и Рождеството Христово
Со послушноста и смирението, што ги покажала новата Ева – Дева, почнува Новиот завет, новиот свет, новото создание, новото човештво. Стариот завет ја погазил послушноста кон Бога и го показил смирението, со што го урнал мостот помеѓу земјата и небото; но Пресвета Богородица повторно го изгради тој мост, постанувајќи и самата мост помеѓу небото и земјата