ПЕТОК ОД СВЕТЛА СЕДМИЦА (21.04.2023)
Кондак, глас 8.
Богоблагодатна Дево, од твојот извор кој тече непрестајно, ти ми даваш вода од твојата благодат неискажливо. Затоа ти се молам тебе, која надумно Го роди Словото, пороси ме со благодатта, за да ти викам: Радувај се, водо спасителна!









Кога срцето ги прима демонските стрели со болка што пече, така што човекот чувствува и мисли дека стрелите ги носи во себеси, - тоа е знак дека неговата душа искрено почнала да ги мрази страстите. Тоа е почетокот на очистувањето.



Се смета дека една од главните одлики на војсководецот во битките на овој свет е да не паѓа со духот при секоја промена на среќата, туку е непоколеблив, како камено срце, и во својата цврстина донесува најразумни и најкорисни одлуки, со таа цврстина доведувајќи
Бог се однесува како Оној што вистински љуби. Оној што вистински љуби не се наметнува над онаа, што ја љуби, не ја присилува да ја испие сета Негова љубов во еден здив, туку дискретно ја опсипува со дарови. Така Бог ја создал сета убавина на светот, сонцето, месечината, ѕвездите, целата складност на природата, во стремеж да го воодушеви човекот. 





Така деновиве си спомнавме и за страдањата на Христа и за неговото Воскресение. Скоро два милениуми повторуваме секоја година, но ретко учиме да им проштеваме на непријателите, а самиот Христос го замоли Отецот Небесен, да им прости на оние коишто го предадоа и го распнаа. Со спомнувањето на Воскресението секој Велигден и секоја недела, повторувајќи многупати, требаше да научиме да не го користиме прашањето:
Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.























