логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 3.angeli.so.truba

Христос Воскресна! Во ова пасхално утро, скромно, но торжествено, Православната црква ја празнува победата на Животот над смртта. Би сакал особено да се задржам на еден суштински, па, сепак, неретко заборавен на Западот аспект на таа победа: темата на слегувањето на Христос во адот.

 3.angeli.so.truba
† Атинагора I Константинополски, 1886-1972


Се сеќавам, бев во Константинопол, работев со Патријархот Атинагора на една книга со дијалози. Беше лето, беше горештина и по ручекот тој ми предложи краток одмор. Немав потреба од одмор, па наместо тоа излегов од Фанар и стигнав до една стара црква, „Христос Спасителот“ во Хора, подоцна претворена во џамија, а денес – музеј. Таму, во еден дел како параклис, близу до централниот кораб, видов неверојатна фреска што едноставно ме плени! Ја набљудував со часови. Таа го изобразуваше слегувањето на Христос во адот. Претставете си го Христос, облечен во заслепувачка светлина, Христос во силата на Светлината, кој се спушта во бездната и ги разорува под Своите нозе адските порти (ги гледаме разорените порти, распрснати на парчиња, под нив ја распознаваме мрачната силуета на разделителот), и фаќајќи ги буквално за зглобовите Адам и Ева, ги извлекува од гробот, т.е. вас, мене, целото човештво. Мислам дека во тоа е суштината на христијанското послание. Особено за нас, луѓето на денешнината, кога постојано се чувствуваме опкружени од ништавилото, од насилството, од нихилизмот. Се прашувам, дали ова не е историски осмисленото место, од коешто се разнесува благата вест, дека Христос слегува во пеколот за да ги победи адот, смртта и сите нивни форми – денес, сега и секогаш, затоа што она што се случило тогаш, станало перманентна реалност.

3.angeli.so.truba


Смрт, ад – што означува тоа? Мислам дека нивното значење не е само во тоа дека еден ден ќе умреме во биолошка смисла, туку станува збор и за тоа што би го нарекол – духовна смрт. Сите сме поминале мигови со чувство дека сè е бесмислено, дека сè е разделба, апсурд, ужас. Не само состојби на смрт, туку состојби на ад. Чувство на безизлезност.
Смрт, ад – всушност за тоа ни зборува Библијата. Библијата не зборува како древните Грци, како Платон, со посебен ентузијазам, за бесмртноста на душата што ќе биде ослободена од телото. Таа попрво говори за некаква привидна состојба на душите во она што се нарекува „шеол“, а во стариот грчки превод на Библијата, Септуагинта, е преведено како „адис“, од грчкиот корен – место, во коешто не се гледа. Како што се раскажува во еден расказ за отците-пустиножители, еден човек што се наоѓал во адот, се обратил на еден монах и му кажал: „Моли се за нас, бидејќи таму каде што сме, ние не можеме да ги видиме лицата, не можеме да го видиме лицето на другиот“. Такви состојби нè снаоѓаат сите нас: да не можеме да го видиме другиот и да бидеме видени од него; тоа се состојби на безнадежност. Во таа смисла смртта и адот се сосема секојдневни појави.
Според Светите Отци постои еден вид на затворена спрега меѓу гревот и смртта. Бог не ја создал смртта, Бог не го посакувал злото, ова е од апсолутно и суштинско значење и зад ваквиот став треба цврсто да стоиме, да го сведочиме дури и спротивно на гледиштата на современата наука. Човекот се сомнева, се одвојува, се одвраќа од Бога. Доколку Сонцето е Бог и човекот се одврати од него, тој образува сенка. И таа сенка изобилува со трагични сили – сили на ноќта што опустошуваат, сили на хаосот. Да си спомнеме за почетокот на Евангелието според свети Јован Богослов – тој не се впушта во богословие за прародителскиот грев, туку говори за светлината, што го просветлува секој што доаѓа на светот: „ И Светлината во темнина свети и мракот не ја опфати.“ Но, можеме да преведеме и вака: „и мракот не може да ја задуши“.
Честопати се прашуваме: „А зошто Бог не исправи сè?“. Мислам дека тоа е многу едноставно – затоа што Живиот Бог не е некаков диктатор, Кој би ги исправувал нештата однадвор. Живиот Бог е Творец на слободата, Он може да дејствува само како поток од светлина, поток од љубов, добрина и убавина кон срцата што доброволно се обраќат кон Него. Кога ќе се одвратиме од Него, Тој како да е исклучен од Своето создание.
Но, Бог не допуштил да биде отфрлен од созданието. Во текот на историјата на еврејскиот народ Тој полека подготвувал некого што еден ден ќе може да Му каже „Да“, кога ќе „затропа на неговата врата“. Станува збор за Божјата Мајка, за Воплотувањето. Како што вели големиот византиски мистик Никола Кавасила, Бог се однесува како Оној што вистински љуби. Оној што вистински љуби не се наметнува над онаа, што ја љуби, не ја присилува да ја испие сета Негова љубов во еден здив, туку дискретно ја опсипува со дарови. Така Бог ја создал сета убавина на светот, сонцето, месечината, ѕвездите, целата складност на природата, во стремеж да го воодушеви човекот. И кога човекот се одвраќа од Него, Бог му го дава најголемото сведоштво за Својата љубов, му дава „безумна љубов“, вели Кавасила: подготвеноста да страда и да умре за човекот. Затоа, вели тој, Бог го промислува Воплотувањето. И бидејќи самиот Бог не може да страда, една божествена личност влегува во нашето човештво, ја понесува нашата човечка природа.

3.angeli.so.truba

мозаик „Деизис“, Хора


Меѓу луѓето Исус е целосно Живиот, потполно Живиот, Тој носи живот без сенка од смртта, без онаа таинствена врска меѓу гревот и смртта. Гревот ги познава единствено пороците, стравовите, или како што велиме: страстите... И Христос живее со нашите страсти, така како што живее со севкупната човечка природа, го зема врз Себе целото човештво, без да се раздели со ниту еден од нас, ниту во времето, ниту во просторот. Ги преживува заедно со нас непријатната променливост на сенката, на ништавилото, на стравот, и затоа всушност целиот Негов живот е едно своеобразно слегување во адот.
Истовремено Тој е Оној, што пред гробот на Лазар, во тој чудесен разговор со Марта, сестрата на Лазар, го изрекува првото големо месијанско потврдување во Евангелието. „Ти си Син Божји, Кој треба да дојде во светот“ – вели таа. Тој доаѓа, Лазар е мртов и Марта вели: „Господи, ако беше тука, брат ми немаше да умре...“. А Исус ѝ вели: „Тој ќе воскресне“. Таа одговара: „Да, знам дека ќе воскресне во последниот ден“. Ова е еврејски поглед на нештата. Грците пак, сметаат дека душата е бесмртна, а според еврејскиот светоглед сите ќе воскреснеме во последниот ден, Бог ги помни сите луѓе и ќе ги воскресне.
Но, Исус вели: „Јас сум воскресението и животот“ – овде, сега, „кој верува во Мене, ќе живее довека... и да умре – ќе живее“. И пред Лазар – тоа е најкраткиот стих во Евангелието – Исус плаче. Плаче, за тоа што сме сториле со убавината на светот, на созданието, на животот. Тој четвородневен мртовец е веќе наполно мртов за евреите, според коишто душата на четвртиот ден го напушта телото. И тогаш одекнуваат овие моќни слова: „Лазаре, излези надвор!“. Кога Лазар излегува, се пренесува веста за Воскресението, што започнува во Христос. Тоа е посебноста на христијанството – вера, не просто во бесмртноста на душата, ниту во воскресението во последниот ден, туку во Воскресението, што ни е дадено отсега.
Слегувањето во адот, тоа е она што Бог го искусува како човек, искусувајќи ја целата агонија на човештвото, со крвава пот, со Голгота, со Крст и со оној клучен момент, кога Исус извикува: „Боже мој, Боже мој, зошто си ме оставил?!“. Тука ја чувствуваме сета таинственост на слегувањето во адот. Оти што е адот? Адот е место измислено од човекот за да нема Бог. Тоа е свет од каде што Бог е протеран, оставен од човекот, и каде што човекот се чувствува оставен од Бога. Но, бидејќи тој е образ Божји, без разлика дали тоа го сака или не, останува поврзан со својот Творец.
Затоа, заради сплотеноста со нас, заради солидарноста од љубов, Воплотениот Бог Слово може да рече: „Боже мој, Боже мој, зошто си ме оставил?!“. Во тој миг сè се превртува, затоа што не може да има разделеност помеѓу Бог и Бог, помеѓу Отецот и Воплотениот Син, и сета оваа бездна на омразата, бунтот, исмејувањето, сомнежот и ужасот испарува како капка омраза во бесконечноста на љубовта на Отецот и Синот. Ако размислиме, текстот на Поглавјето 27 од Евангелието според свети Матеј е невообичаен: „Храмовата завеса се раскина... и многу мртви праведници воскреснаа,... влегоа во градот и мнозина ги видоа“.
Слегувањето во адот го означува воскресението на мртвите... Во литургискиот циклус, Слегувањето во адот е посебно одбележано на Велика Сабота. Би рекол дека Великата Сабота само го отвора овој клучен момент. Постојат прекрасни стихири, како оние за плачот на адот, бидејќи Оној Кој е Самиот Живот, допушта да биде врзан со веригите на адот. Како што е наведено во Делата апостолски, Бог Го спушта во адот, но адот не може да го задржи. Бог Го ослободува, бидејќи веригите како да се растопиле од пламенот на Божјата љубов, на Духот, со Којшто е исполнет Христос во адот.

3.angeli.so.truba


„Воскресение“, Хора


И во тој миг доаѓа Воскресението. Нешто неверојатно – иконата која го изобразува слегувањето на Христос во адот, тој невидлив Христос, трансцедентен, доброволно се спуштил во најнепроникливата темнина, во местото на најголемата разделеност, таа икона не е наречена „Слегување во адот“, туку „Воскресение“. Што тоа треба да значи за нас? Како што веќе кажав, слегувањето во адот е една постојана реалност. Најважното е тоа дека оттогаш Бог не е отсутен од ниту едно место. Дури и кога човекот сака да го исклучи, Бог присуствува. Тој е тука, распнат врз сето зло на светот, тоа е единствениот одговор на тајната на злото... И истовремено Тој нè воскреснува, ни ја дарува силата на Своето воскресение. Таа моќна рака е протегната, за да фати, дури не за дланката (дланката ја подаваме или не), туку за зглобот. Испружена кон зглобот на Адам, кон зглобот на Ева, тоа е неверојатната средба меѓу двајцата Адами – првиот и Последниот. Таа рака е таму, во сенката, во најгустата сенка.

3.angeli.so.truba


детаљ од фреската „Воскресение“, живописана во периодот на Палеолозите (1315-1321)


Треба добро да разбереме дека христијанскиот Бог – Оној, за Кого сведочиме – не е некаков вид на небесна сила, која што ќе нè уништи. Како што вели светиот апостол Павле во Посланието до Филипјаните, Тој се понизи Себе си, се смири Себе си до смрт на Крст“. Овој Бог, кој се отвора за да нè прифати во Себе си, за да ни подари простор за живот и слобода, тоа е тајната на слегувањето во адот. Сега треба да го чувствуваме нашиот Бог сè пониско, сè подлабоко. Бидејќи, на крајот на краиштата, што е адот? Поставете му го ова прашање на некој интелигентен психоаналитичар. Тој ќе ви каже: „А што има во внатрешноста на човекот? Има омраза. Има самоубиство, убиство, лага, сето тоа, скриено во дното на нашите души – тоа е адот“. Тој е внатрешен и се пројавува, се пројавува во глобални размери, во историјата, во ужасите, во страдањата, во убиствата, во несправедливоста. Ние ги гледаме, но коренот е таму, во тој внатрешен ад. Затоа Христос не престанува да слегува во внатрешниот ад. И кога сме свесни за овие ситуации на омраза, на убиства, самоубиства, на целосен сомнеж и недостаток на надеж, тогаш се наоѓаме пред искушението да се лизнеме во бездната на ништавилото. Доколку лизгајќи се, наместо во ништавилото, ние паднеме пред нозете на Христа,... тогаш Неговата моќна рака нè фаќа и нè извлекува од адот. Познати ни се овие ситуации, кои би ги нарекол крштелни, бидејќи, пред сè, тоа е тајната на Крштевањето преку смртта и Воскресението. Што е Крштевањето? Слегување во адот заедно со Христос и издигање од мрачните води на адот во светлите води на животот што повторно раѓаат. Сите ние преживуваме мигови, кога сè е блокирано. Или кога сè изгледа загубено, без исход. И ако точно во тој миг паднеме пред нозете на Христа, што присуствува во адот, Тој нè откинува од таму и ни дава нов живот,... тогаш благодатта на Крштевањето, благодатта на обновувањето, благодатта на обновеното постоење во Светиот Дух, ни е дадено одново. Слегувањето во адот можеби е она што најдлабоко се поклопува со историската ситуација во којашто се наоѓаме.
Можеби ќе кажете: „Но, дали сè уште умираме?“. Се разбира, ние сè уште умираме. Но, дозволете ми да кажам неколку зборови за мачениците во првите векови на христијанството, за што сведочат најстарите сочувани текстови, оние недополнети, неукрасувани, неуредувани дополнително. Тие  текстови попрво биле записи, протоколи. Мачениците биле обични луѓе, не некои големи аскети со особени заслуги, но биле верни, верни пред судот. И кога ги воделе и предавале на мачења, наместо да се стегаат стоички, да се бунтуваат, тие едноставно се препуштале на верата, на довербата во распнатиот Христос. (Кога го гледаме Колосеумот во Рим, тој огромен превртен конус, како навистина да ги согледуваме внатрешните кругови на адот.) Наоѓајќи се во тој пекол и препуштајќи се да бидат понесени кон распнатиот Христос, тие биле исполнети со силата на Воскресението, со неочекувана радост и мир. Мислам дека сите ние во даден момент сме или ќе бидеме повикани да доживееме вакви ситуации – мигови на нашата агонија. И во тој момент, можеби во најголемото страдање, во најтешкиот ад, доколку го преживееме, знаејќи дека Христос е таму, треба да се молиме да ни биде дадена радоста на Воскресението. Што прават нашите монаси? Тие се обидуваат живи да се нурнат во смртта, да проникнат во адот, за таму да го најдат воскреснатиот Христос, за да ги воскресне. И нè уверуваат дека можеме живи, сега и овде на Земјата, да бидеме свесни за нашето воскресение. Се разбира, монасите се малубројни, а Дарот е за сите нас. На празниците, во делата на сострадување, на нежност, на убавина, на заедничарење, чувствуваме дека сè ни е дадено, дека адот го нема последниот збор, дека Христос е тука, насекаде, дека Он нè фаќа и нè подигнува кон светлината на Царството.

3.angeli.so.truba


Манастир Хора, Константинопол


Знаете, кога рано наутро или приквечер се движиме по планинските сртови, едната страна на планината целата е огреана од сонце, а другата е во сенка. Ова во преносна смисла може да се каже и за нашиот христијански живот. Ние, од една страна, сосема конкретно се наоѓаме во светот на ужасот, поделбите, смртта и пеколот – честопати сме убедени во тоа – а од друга страна, во радоста, во полнотата на Царството, во полнотата на Пасхата. И сиот наш напор, сиот наш духовен живот, сета наша битка во културата, во општествениот живот, во цивилизацијата, се состои во тоа да ги преобраќаме нештата од сенката кон светлината, кон Христос Кој е тука, распнат и воскреснат, заедно со нас, бидејќи никогаш не смееме да ги заборавиме Неговите зборови: „Јас Сум воскресението и животот“ и отсега можеме да влеземе во воскресението и животот. Ова е самото значење на нашето христијанско постоење. И на тој прекрасен восклик: „Христос воскресна!“

Оливие Клеман
* Записот е публикуван на 19 април 2009 година, во неделната емисија „Патеките на верата“ на Француската национална телевизија – „Франс 2“.

3.angeli.so.truba

Професорот Оливие-Морис Клеман е роден во 1923 година во Јужна Франција. Во младоста бил убеден атеист, но не ја запира својата духовна потрага. Подоцна, кога созреал, бил под влијание на некои православни теолози во Франција, како Николај Берѓаев и Владимир Лоски, при што преминува во православната вера. Подоцна станува предавач и професор на Православниот богословски институт „Свети Сергеј“ во Париз. Почина на 15 јануари 2009 година. Ова интервју е снимено непосредно пред неговата смрт.

 

Извор:

 https://www.facebook.com/notes/%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80-%D0%B7%D1%80%D0%B7%D0%B5-the-zrze-monastery/%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%BB%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE/2640038909655916/

Друго:

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3227
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7720
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

28/12/2024 - сабота

Божикен пост (пост на масло)

+Светиот свештеномаченик Елевтериј; Свети Стефан Исповедник Сурожски; Преподобен Павле во Латра; Преподобен Пард Отшелник;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная