логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

СИНАКСАР
Стихови за миењето на нозете:
Бог, Кој некогаш го вознемири рајот додека одеше низ него
во приквечерината,
Вечерта на Велики Четврток доаѓа да им ги измие нозете
на учениците.
Стихови за Тајната вечера:
Вечерата е двојна: една е Пасхата на законот;
Втора е Новата пасха - Телото и Крвта на Господа.
Стихови за Првосвештеничката молитва:
Молитва и страв, пот од крв на лицето Христово, смрт,
А со тоа го прелажува ѓаволот.
Стихови за предавството:
Зошто доаѓате со ножеви и стапови да Го барате,
Оној што сака да умре за избавување на светот?

Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.
Бидејќи еврејската пасха требаше да биде жртвувана во петокот, беше погодно вистината да биде во согласност со сликата, односно во истиот ден да биде жртвуван и Христос, нашата Пасха. Поради предвидување, како што велат божествените отци, Господ наш Исус Христос ја извршува во четврток навечер, бидејќи таа вечер и целиот ден од петокот Евреите го сметаат за еден ден и го именуваат ноќеденство - никтимерон (од едно заоѓање на сонцето до другото заоѓање). Тоа е причината поради која Он, со Своите ученици, ја изврши тогаш Пасхата според Законот, како што велат некои, меѓу кои и божествениот Златоуст. Прво, стоејќи простум и препашани, обуени во сандали, со стап в рака, запазувајќи ги и сите други прописи на законот, за да не се остави впечаток дека го прекршуваат. Оваа Пасха ја подготви Зеведеј, зашто стомната со вода ја носеше тој, како што вели Великиот Атанасиј, иако некои други за ова зборуваат поинаку. Потоа, откривајќи им на своите ученици едно посовршено славење, Господ ја востановува тајната на нашата Пасха, во горната одаја, кога ноќта веќе беше настапила, зашто е речено: „Кога настапи вечерта, Он седна на трпезата со дванаесетте." Видете, Ова не беше Пасхата на Законот, бидејќи се седнува на трпеза приготвена од леб и вино, додека порано била со печено месо и со бесквасен леб.
Пред почетокот на вечерата (вака зборува божествениот Златоуст), Он станува од трпезата, ја остава Својата горна облека и става вода во леген, Самиот правејќи се, за да го посрами Јуда, но и за да ги потсети другите апостоли да не бараат старешинство, како што тоа го покажува по миењето на нозете, велејќи: „Кој сака да биде прв, нека биде последен", давајќи се Себеси за пример. Се чини дека Христос најнапред му ги измил нозете на Јуда, кој без срам беше го зазел првото место. На крајот доаѓа до Петар. Но овој, бидејќи најревносен од сите, Му забранува, но на крајот пак Му дозволува да му ги измие нозете. Откако им ги изми нозете и покажа колку високо можеме да се издигнеме преку смирението, ги зеде повторно Својата облека и Своето место на трпезата, ги поучи да се сакаат еден друг, но да не бараат старешинство.
И додека јадеа им го навести предавството. Бидејќи тие се вознемирија поради тоа, Исус му рече само на Јована, тајно: „На оној што ќе му дадам едно парче леб, откако ќе го натопам, тој е оној што ќе ме предаде." Ако Петар знаеше на кого се однесуваат овие зборови, тој ќе го убиеше Јуда, бидејќи беше најревносен од сите. Или пак: „Оној  што ќе ја стави раката своја во чинијата...", бидејќи се среќава и едното и другото.
По малку време, зеде леб и рече: „Земете, јадете", а слично и со чашата: „Пијте од неа сите, ова е крвта Моја на Новиот завет...ова правете го во мој спомен." Ова правејќи го, и Он јадеше и пиеше со нив. Забележете добро, дека лебот (квасен) го именува Свое тело, а не бесквасниот леб (азим). Нека се засрамат оние што принесуват бесквасни лебови за бескрвната жртва.
По лебот, сатаната влезе во Јуда; ако порано само го искушуваше, сега конечно се всели во него. Кога излезе, тој се договори со првосвештениците да им го предаде за триесет сребреника. По вечерата, учениците отидоа на Маслиновата Гора, во една градина, наречена Гетсиманија. По некое време, Исус им рече: „Оваа ноќ сите вие ќе се соблазните поради Мене." Петар му рече: „Макар и сите да се одречат од Тебе, јас нема да го сторам тоа." А беше доцна, односно длабока ноќ. Исус повторно му рече: „Пред да запее петелот двапати, ти ќе се откажеш од Мене трипати." Така и се случи. Од ова Петар го обзеде голем страв. На овој начин Бог му ја покажа слабоста на неговата природа, но истовремено, бидејќи сакаше да му ја довери сета вселена, Он сака да му даде на знаење дека целиот свет има иста природа, и дека тој (Петар) треба да се покаже милостив кон грешниците.
Впрочем, тројното Петрово одречување ги претставува гревовите на сите луѓе против Бога. Пред се, заповедта што ја прекрши Адам; потоа прекршувањето на Пишаниот закон; на трето место, прекршувањето на заповедите на воплотеното Слово. Но, Спасителот го исцели со тројното покајание. Затоа Он му рече трипати: „Петре, ме љубиш ли?" Потоа им рече на учениците (покажувајќи им ја Својата човечка природа, бидејќи смртта е страшна за сите): „Душата моја смртно е нажалена." Потоа се оддалечи малку, колку што со камен може да се дофрли, се помоли трипати и рече: „Оче Мој, ако не е можно да Ме одмине оваа чаша, да не ја пијам, но нека биде волјата Твоја." И пак: „Оче, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша!" Од една страна, Он го вели ова како човек. но од друга стпана Он вешто го отстранува ѓаволот со цел, овој последниов, мислејќи дека има работа со човек кој се плаши од смртта, да не прави пречки на тајната на Крстот.
Кога се врати при учениците и ги најде заспани, му се обрати на Петра и му рече: „Зар не можевте ниту еден час да бдеете со Мене?" А тоа значи: „Ти, кој велеше дека и до смрт ќе се бориш за Мене, еве, и ти спиеш како и другите!"
А кога мина на другата страна од потокот Кедрон, каде што имаше градина, таму остана со учениците Свои, бидејќи имаше обичај да оди таму често. Затоа и Јуда го знаеше тоа место. Откао зеде неколку војници, со народот што го следеше, тој се доближи до Исуса и Му даде целив. Овој целив беше договорениот знак, бидејќи Он требаше да биде фатен повеќе пати, но си заминуваше, без да биде забележан. Но овојпат самиот Исус излезе пред нив и им рече: „Кого барате?", бидејќи тие се уште не Го познаваа. Сепак, мракот не беше целосен, затоа што тие имаа светилки и факели запалени. Исплашени, тие се повлекоа и паднаа на земја. Кога Јуда го направи она за што се беа договориле, Исус му рече: „Пријателу, направи го тоа за кое си дојден", односно: „Ова е моментот да го направиш она за кое си дојден". И пак им рече: „Зар како на разбојник излеговте со ножеви и стапови да Ме фатите?" А дошле ноќе за да не настане бунт кај народот. Тогаш ревносниот Петар извлече нож, зашто за ова беа подготвени уште од вечерта, и му го отсече десното уво на еден од слугите на првосвештеникот, по име Малх. Но, знаејќи дека првосвештениците велеа за Него како тој не го слушал Законот, а поучувал, Исус го укори Петра, бидејќи не е добро за ученик на еден духовен човек да се служи со нож. И Он го исцели Малха. Кога, пак, Го фатија Исуса, врзан Го приведоа во дворот на првосвештеникот Ана, кој му беше тест на Кајафа, зашто таму беа собрани сите - фарисеи и книжници, кои извикуваа против Христа. Таму и слугинката му се нафрли на Петра и тој се одрече од Христа; кога мина ноќта, петелот запеа трипати и тој се сети, па горчливо заплака. Бидејќи веќе беше утро, од кај Ана, Христа го одведоа при првосвештеникот Кајафа, каде што го плукаа в лице и беа повикани лажни сведоци. Кога засветли денот, Кајафа Го испрати при Пилата. Тие што Го водеа не влегоа во судницата, за да не се осквернат и да можат да ја јадат пасхата. Некои, како што вели божествениот Златоуст, тврдат дека фарисеите и првосвештениците го прекршиле законот префрлајќи ја пасхата за другиот ден, бидејќи требало да ја јадат токму таа ноќ, но дека тие ја поместиле за наредниот ден, за да можеле да Го убијат Христа. Но, ако тие требало да ја јадат пасхата тогаш, Христос покажал, јадејќи ја претходната вечер, дека не упатил во совршената тајна. Или пак, како што беше речено, требаше да стане реалност она што во Законот беше само слика. Всушност, свети Јован вели: „Пред празникот Пасха". Од овие причини и ние го празнуваме се она што се случи во тој четврток и во наредната ноќ и со стравопочит правиме спомен на сите оние страшни и неискажливи дела и настани.
По Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, помилуј не. Амин.

 

Извор: ПОСЕН ТРИОД

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3222
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная