Овој преблажен маченик Христов од младоста израсна како лоза доброплодна, која со духовна сладост ги напојува сите, а разумот му процвета како благомирисен крин, кој со љубов ги влече сите кон Христовата вера. Украсен со извонредната добрина Христова, со убавината на лицето ..
ЗОДИЈАК ХРИСТИЈАНИ
Нека остане само односот „Христос и јас“ и околу оваа оска нека го гради својот живот. Затоа што од овој избор не зависи само нашата сегашност, но пред се учеството на нашата душа во задгробниот живот. Прашањето за спасението е длабоко лично и вреди да му се посвети енергија и време. Затоа, да ги оставиме примамливите заблуди на астрологијата и да се држиме цврсто со двете раце за облеката Христова.








Чувствувам дека токму тоа го направил свети Нектариј Егински. Со други зборови, начинот на кој тој реагирал не само на критиките, туку и на клеветите, т.е. на патолошката и болна форма на „критика”, бил таков што успеал да преобрази една очигледна неправда во благослов и извор на осветување.
Ја слушаш дијагнозата и го губиш тлото под нозе. Тоа е моментот во вашиот живот кога се соочуваш со смртта не како нешто далечно и туѓо, туку како настан што го допира твојот здив. Тоа е моментот кога стоиш и гледаш на твојот живот како на еден измислен настан. Имено,тогаш мислиш дека ракот е просто само една фарса. Дали навистина сум болен од рак?
О, Божји угодниче Свети Димитриј мироточив Солунски Чудотворец, моли Го Господа Исуса Христа, нашиот Бог и Спасител за нас грешните и неблагодарни луѓе, за здравје и спасение на душите наши. Да ни дарува Христос Бог, духовна мудрост, просветен ум и разум, срце храбро и чисто да создаде во нас и вистинскиот дух да го обнови во нас. По твоите молитви, Бог да го ублажи Својот праведен гнев, па по Својата милост и човекољубие, да ни ги прости сите наши гревови,
Сè има свој почеток, вклучувајќи го и гревот. Доволно е да го направите првиот чекор, а потоа, сè се движи како на тобоган - побрзо и побрзо. Понекогаш свесно грешиме „малку“, „умерено“, „пријатно“, а потоа се впуштаме во она што е безгранично страшно. Но, Бог нè создаде како слободни и затоа имаме право да правиме што сакаме, вклучително и да грешиме. И тука е чудната работа! - ова право го користиме најчесто.
Наскоро над моштите беше подигната малечка црква. Еден илирски војник, Леонтиј, беше болен од неизлечлива болест. Им притекна на моштите на Св. Димитриј со молитва и стана наполно здрав. Од благодарност му подигна на Св. Димитриј црква многу поголема од старата. Светителот му се јави двапати. Кога царот Јулијан сакаше да ги пренесе моштите од Солун во Цариград, од гробот скокнаа пламени искри и се чу глас: „Застанете и не гибајте!“.
Можеме ли да претпоставиме дека одреден вид нотација може да открие нешто за нас? Верувам дека позитивниот одговор на ова прашање не е без причина.
"Но, човечкото срце, во кое грее надежта за бесмртност, не може да се помири со мислата за жестоката бесцелност на земниот живот. Човекот е тело и душа. Ако човечките тела се така премудро створени, така што, со секој свој орган и со секоја своја насочена функција постигнат некаква разумна цел, ...


За време на активностите на експедицијата, иконата на Мајката Божја – Казанска била постојано со нив. Експедицијата започнала со молитва пред Казанската Богородична икона, јавува страницата „Православие во Татарстан“. Старецот на манастирот ги благословил нуркачите и чудотворната икона му ја предал на лидерот на експедицијата, Димитриј Шилер.
Во Православната Црква, задушниците (како што кажува самото име, денови за-душа), ја засилуваат и обновуваат нашата свест дека ние, како живи членови, и претходно упокоените христијани сме роднини, еден неразделив жив организам, една и иста жива Црква. Наша должност е во овие денови да се молиме, како дома или во келија, така и во Црквите и на почивалиштата (гробовите), но и да твориме милостиња за душите на упокоените,..
Во секој случај, не можеме да негираме дека морално - духовните фактори заземаат одредено место меѓу причините за појава на цела низа психички болести. Многу психички нарушувања се поттикнати од гревовни страсти, тие се последица на гревовниот начин на живот, на страстите и пороците вкоренети во човечката душа. Денес науката многу зборува за улогата на стресот, иако и во времето на Иван Грозни не било многу спокојно да се живее. Зборуваме за генетика, екологија, биохемиски процеси во мозокот. 























