Чудотворна икона на Мајката Божја, исчезната во пожар, пронајдена во манастирските урнатини (07.07.2019)
Но, и покрај тоа што црквата речиси целосно изгоре, во урнатините на црквата беше пронајдена чудотворната икона на Мајката Божја, иако доста оштетена. Уште едно слично чудо со оваа икона се случило во 1770 година, кога повторно после пожар била откриена недопрена, а само на десниот образ на Мајката Божја имало гребнатина. Многумина поклоници ја посетувале црквата со надеж за исцеление и постојат стотици записи според кои многумина добиле исцеление од чудотворната икона.






Во текот на реставрацијата во црквата посветена на Рождеството Христово во Витлеем, при реставрирањето на крстилницата во јужниот ходник на црквата беше пронајдена уште една постара крстилница, скриена во постоечката осумаголна крстилница, направена од ист камен како и столбовите на Црквата. Ова откритие ќе помогне во понатамошното расветлување на историјатот на оваа црква и нејзините археолошки артефакти.
Собирањето на подароците беше организирано од Здружението на луѓе со пречки од селото Горбачевка, во околината на Киев, кое вклучува 1457 луѓе со пречки, 115 деца со пречки, како и 42 деца со родители со пречки. Повеќето од нив не се во состојба да присуствуваат на хуманитарните настани, па затоа членовите на Здружението ги посетуваат дома.

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце. Те надвладеало обесхрабрување? Не заборавај своите надежи да ги положиш на Христа и твојата душа ќе се исполни со храброст и со сила.
Моќен и слаткоречив беседник за тајната на овој ден, поточно за таинствената личност на денешниот славеник, беше некогашниот светогорски собрат на нашиот Старец, Епископот Климент, кој со зборови натопени од искуство говореше за „чудесниот плод на јудејската пустина“. Притоа, игуменот зрзески го круниса своето вдахновено слово со чудотворството на Свети Јован во Македонија, карактеризирајќи ја Бигорската Обител како негов плод.

Некој стар духовник ги запраша еднаш своите ученици по што би можеле да го препознаат моментот кога престанува ноќта и започнува денот.
Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на спасението и со нашето лично спасение. Древните, катакомбни христијани во раѓањето, во родендените што денес еуфорично ги празнуваме и одбележуваме, не гледале ништо значајно. За ден на раѓање го сметале денот на својата смрт, денот на нивното претставување од овој свет.
Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм ти да сe радуваш на загубата на свoјoт Сoздатeл, свoјoт Рoдитeл? Зарeм кoга плачат ангeлитe, ти да сe вeсeлиш?
Eдна oд разликитe пoмeѓу краснoрeчивата eлинска филoзoфија и христијанската вeра e тoа штo eлинската филoзoфија дoзвoлува сè јаснo сo збoрoви да сe излoжи и сo читањe да сe разбeрe, дoдeка христијанската вeра ниту дава цeлата јаснo сo збoрoви да сe излoжи, ниту, пак, уштe пoмалку, самo сo читањe да сe разбeрe. При излагањeтo на христијанската вeра нeoпхoдeн e и примeр на излoжувачoт, а при разбирањeтo и усвoјувањeтo, oсвeн читањe,пoтрeбнo e и вeжбањe на читачoт.
Песните застапени во четвртата книга во вистинската смисла на зборот претставуваатлирски изблици на автори кои не копнеат по книжевна слава.Богатиот спектар на искрени чувства е реализиран без лажни украси и славопојки,туку во манир на едно искрено и чедно соочување со секојдневието.Преку едноставните и..
Веројатно самотијата е една од клучните невидливи алки и нишки што ги поврзуваат аскетите, уметниците и научниците од различни времиња и простори. Рајнер Марија Рилке, еден од најголемите поети на модерните времиња, има кажано дека поетот се раѓа во самотија. За да се долови осаменоста, луѓето од памтивек посочуваат на анималните симболи, па така, во еден од знаменитите романи на Херман Хесе, степскиот волк прераснува во метафора на осаменоста.
Оваа збирка песни, втемелена врз концептуален тематски и жанровски пристап, е придружена од уводна реч на авторот Кипријан Слепченски. Уводниот оглед на авторот е автоинтерпретативен, автопоетички(оглед). Во него е опеана тезата за „јазик без зборови“ (КС, 2019: 6) кој и’ претходи на песната и следи по песната. Јазикот на песната, впрочем, не е само јазик на зборови, туку во себе го вградува јазикот на звукот и созвучноста, јазикот на тишината,
























