логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

„Апотеоза на пределот“ на Кирил Гегоски во Гевгелија - град на културата

Ве информираме дека во организација на Националната галерија на Р.С. Македонија во рамки на Гевгелија - град на културата и во коорганизација на ЈОУ Дом на култура ,,Македонија'' , во Музеј Гевгелија, уметничка галерија ,,Амам'' на 20 октомври 2025 година во 19 часот, ќе се отвори изложбата „Апотеоза на пределот“ на Кирил Гегоски, која е подржана од Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија и Општина Гевгелија.

Пределите на Кирил Гегоски, ослободени од своите физички граници и изведени до апстракција, говорат, пред сè, за состојба во која реалноста се преобликува во нова онтолошка метареалност. Деконструирајќи го пејзажот и повторно градејќи го преку симплифицирање на мотивот, со определени деформации и стилизација на формите, тој постигнува ефект на преобразба на пределот, се сосредоточува на неговото внатрешно доживување, трансформирање и трансцендентирање.

Личното доживување, дејствување и творење, како и модалитетот на тематското конципирање и самоистражување на предметниот свет во ликовното пренесување на преданието за уметноста, е конципирачкиот елемент во творештвото на Кирил Гегоски. Неговото творештво е трага на создавачкиот елемент, односно антрополошко лоцирање и рекогностицирање на личната духовна меморија и архива.

Дискусијата за творештвото на Кирил Гегоски е вистински предизвик, бидејќи пред себе имаме едно искрено авторско кредо кое произлегува од посветениот уметнички инстинкт, творештво во кое философско-интелектуалниот призвук на мошне суптилен и ненаметлив начин се спојува со естетското чувство на авторовиот израз. Неговото сликарство е промислено, динамично и воедно смирено, но и екс- пресивно, полно со трепет, со асоцијативна наративност, понекогаш импулсивно, препуштено на моментот на соочување на уметникот со платното, на решавањето на предизвиците што произлегуваат од самиот процес на создавање на делото и на авторовиот спој на рациото со ирационалното, на свесното и несвесното во чинот на уметничката креација. Во неговите ликовни творби се инкорпорирани елементи од стварноста (предели) преобразени во симболички знаци кои раскажуваат за фрагменти од сеќавањето, интимноста, личниот простор, запрениот миг на времето, еден вид емотивен пејзаж на душата и духовноста. Гегоски делото го доживува во текот на сликањето. Тој во исто време црта, бои, слика, визуализира и субјектот/објектот не го предава во неговата дескриптивност, туку низ сопствената перцепција.

Минимализмот во неговите пејзажи, во основа, говори дека екстремната едноставност може да ја долови целата возвишена претстава потребна во уметноста. Тоа би било еден вид искуство на состојба на транс, во некакви димензии на потсвеста.

Изложбата ќе биде поставена до 3 ноември 2025.
Куратор, Горанчо Ѓоргиевски, кустос во Националната галерија.

Кирил Гегоски, роден е на 27.3.1944 година, во Прилеп. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје, во 1964 година. Член е на ДЛУМ (од 1968) и на ДЛУБ (од 1990). Во 1979 г. ја користел сојузната стипендија „Моша Пијаде“ во Париз. Студиски патувања: Италија, Грција, СССР, Франција, Полска.

Самостојни изложби:
1968 Прилеп, Шах-клубот (со Ѓ. Ачески и В. Костов); 1971 Прилеп, Градска кафеана; 1973 Скопје, Центар за култура и информации; 1977 Битола, Галерија „Моша Пијаде“ (со В. Костов); 1979 Скопје, Ликовен салон на ДЛУМ; Струга, „Хотел Дрим“ (со Д. Манев и Д. Ордев); 1983 Скопје, Центар за култура и информации; Битола, Галерија „Моша Пијаде“; Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; Штип, Дом на културата „Ацо Шопов“; Земун, Галерија „Пинки“; 1984 Прилеп, Библиотека „Борка Талески“; Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; 1985 Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“; Охрид, Дом на културата „Глигор Прличев“; Ваљево, Дом на културата „Ваљево“ (со В. Костов и С. Михајлоски); 1986 Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“ (со В. Костов и С. Михајлоски); 1986/87 Ниш, Galerija Spomen dom “M. Stanimirović”; 1987 Титов Велес, Локовен салон на Народен музеј; Изола, Galerija “Alga”; Карловац, Galerija “Zilik”; 1988 Скопје, Ликовен салон на ДЛУМ и ДЛУПУМ; 1991 Ниш, Galerija Spomen dom “M. Stanimirović”; Књажевац, Дом културе; Прилеп, Дом на културата „Марко Цепенков“. 1992 Прилеп, Кафе-галерија „Паренцо“; Скопје, Галерија на МСУ во ЈАТ; Прилеп, Центар за култура „Марко Цепенков“; Битола, Уметничка галерија „Моша Пијаде“; 1993 Прилеп, Центар за култура „Марко Цепенков“; 1994 Пилеп, Центар за култура „Марко Цепенков“; Битола, Уметничка галерија „Моша Пијаде“; Кавадарци, Дом на културата; Скопје, Салон на ДЛУМ; 1996 Прилеп, Центар за култура „Марко Цепенков“; 2000 Струмица, Работнички универзитет „Јоска Свештарот“; 2004/5 Битола, Уметничка галерија; 2008 Битола, Ликовен салон на ДЛУБ; 2009 Манчестер, Wensley Gallery; 2010 Скопје, НУ Музеј на современата уметност, Прилеп, Куманово, Штип, Битола; 2011 Софија, Македонски културен центар, НУ КЦ „Марко Цепенков“ Прилеп; јули 2017, „Марко Цепенков“, Портрети на македонски артисти, 2017, „Марко Цепенков“, изложба на цртежи; 2018, Македонски културен центар – Њујорк, Изложба на цртежи.

Награди:
1976 Пиран, EX-tempore; 1979 Прилеп, Награда „29 Ноември“; 1982 Скопје, Откупна награда на НУБ „Климент Охридски“ на изложбата ДЛУМ графика; 1984 Скопје, Награда на ДЛУМ „Моша Пијаде“, на изложбата ДЛУМ графика; 1998 Скопје, Награда на ДЛУМ „Никола Мартиноски“, на изложбата ДЛУМ – цртеж ’98; 2000 Скопје, Рамноправна откупна награда на НУБ „Климент Охридски“ на ДЛУМ графика; 2001 Скопје, Награда на ДЛУМ за графика; 2003 Скопје, Награда на ТВ Телма за графика; 2007 Битола, награда „4 Ноември“ на ДЛУБ „Борислав Траиковски“; 2010 Прилеп, награда „3 Ноември“ на Општина Прилеп; 2013 Битола, награда „4 Ноември“ на ДЛУБ „Борислав Траиковски“, 2015 Скопје, КИЦ награда на „МАЛ ФОРМАТ“, „Вангел Коџоман“, 2019 Блум цртеж.


/cp/ps/Mail/Downloader?uid=40851&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=d1354&pct=70d36&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=4&attachmentID=f_mfwg5ooz4



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

16/11/2025 - недела

Светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски ; Светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц; Преподобен Илија Египетски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 13 ноември/ 31 октомври  2025

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 13 ноември/ 31 октомври 2025

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 12 ноември/30 октомври   2025

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 12 ноември/30 октомври 2025

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 11 ноември/29 октомври  2025

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 11 ноември/29 октомври 2025

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная