ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ
Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото. И секое растение полско, што уште не беше на земјата, и секоја тревка земна, што уште не беше никнала, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек што ќе ја обработува земјата, но се креваше пара од земјата. И ја натопуваше површината на целата земја.