Крстовоскресна радост во Рајчица (27.09.2016)
Крстот не е знак на пораз, туку символ на доброволно смирение, живот предаден за другите, жртва и љубов. На него Христос умре од љубов. Гледајќи во него, ние ја гледаме сета љубов Божја како се излева кон нас. Денес, сите ние, со љубов и почит ги подигаме нашите мисли и срца кон Крстот Господов, се допираме до она до коешто светот не можеше да се допре, ја примаме доброволната жртва на љубовта Божја која вселува мир.