107.
2. Од нас не се бара само умртвување на телото, не се бараат само телесни подвизи, туку се бара откажување од сè што е лошо и од својата волја: се бара смирение и послушност.
Никој од вас да не ми говори: јас пеам и стихословувам толку и толку, толку и толку се молам, јадам сосема малку, малку пијам, спијам седејќи и тоа сосема малку, правам толку и толку коленопреклонувања, ги издигнувам моите раце кон небото со часови. Се разбира, добро е и сето ова што го правиш, но кажи ми дали е уништено твоето мудрување, дали е скрушен твојот дух, дали си се откажал од твојата волја: за да бидеш секогаш послушен, никогаш да не противречиш и да не мрмориш, да не спориш, на братот твој да не му завидуваш, да не говориш празни зборови: зошто е нешто така како што е; зошто е еден во една, а друг – во поинаква положба; ова може да го ожесточи твоето срце, да го оѕвери твоето лице и да те тера од сокровиштето на твоето срце да изнесуваш не добро, туку зло – зборови на неверување и соблазни, кои можат и оние што ги слушаат да ги урнат во бездната на пропаста. Не се вакви делата на постот и на воздржувањето. Но, ако некој има во себе си дејство на смиреност и скрушеност, тогаш и со овие две добродетели, како со две крила, ќе може да се издигне на небо и да разговара со Бога.
1-ви март 2017 лето Господово
Подготви.Т.С