Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама
А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено. Што е толку големо и таинствено во покажувањето на чувствената светлина, кој во изобилство ја имале тогаш не само избраните, но и останатите апостоли? Која била потребата за нив, од изменување на нивните очи, со силата на Духот, за созерцание на таа Светлина, ако таа е чувствена и создадена?