логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Teodor_Tiron

 18/03/2016   Поуки - совети

Свети Теодор го храни градот со коливо, Правејќи ја осквернетата храна неупотреблива.

Во овој ден, прва сабота од постот, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот и славен великомаченик Теодор Тирон, кое има ваков почеток:

За време на владеењето на Јулијан Отстапник (по Констанциј  синот на големиот цар Константин), кој отпадна од Христа и му се врати на идолопоклонството,започна гонење на христијаните, јавно или прикриено. Злочестивиот, откако се одрече од свирепото и нечовечно јавно измачување на христијаните, почна да ги искушува вака: Тој ги срамотеше и онеправдуваше и, за да не се множи нивниот број, мислеше како потајно да ги оскверни. Затоа, знаејќи дека нашиот народ христијански најмногу се очистува во првата седмица од Постот и се труди да Му угоди на Бога, царот Јулијан го повика управникот на градот и му заповеди да ја отстрани храната што обично се продава на пазарите, и да ја замени со храна, односно со лебови и пијалаци, осквернети со крв од идолски жртви, та оние што се очистуваат со постот, купувајќи и јадејќи од оваа храна, да се осквернат. Управникот на градот (епархот) веднаш ја изврши наредбата и по сите пазари изнесе за продавање храна која претходно била осквернета со жртвена крв. Но, окото Божјо кое гледа се и злонамерните ги препнува со нивното лукавство, а кое секогаш промислува за нас  неговите слуги, оваа подмолна намера на Отстапникот му ја осуети; му ја откри на великиот маченик Теодор, наречен Тирон, и го испрати при градскиот архијереј Евдоксиј кој не бил баш многу прав и православен, да го извести за намерата на царот. Свети Теодор, не на сон ами на јаве,отиде при архијерејот и му рече: „Стани веднаш и собери го стадото Христово и кажи му да не купува ништо од пазарите, зашто храната е осквернета со жртвена крв, по наредба на нечестивиот цар”. Овој, пак, чудејќи се, го прашал: „Што ќе прават оние што немаат храна дома, ако не одат на пазар да купат?” Св. Теодор му рече: „Нека јадат коливо”. Бидејќи овој не разбираше што е тоа коливо, Великиот Теодор му рече: „Тоа е варена пченица; така ние обично во Евхаит го именуваме”. Патријархот го прашал: „А кој си ти што се грижиш за христијанскиот народ?” Светителот му одговори? „Јас сум Теодор, Христов маченик, Кој ме испрати да ви помогнам”. Патријархот веднаш станал и на мнозина им кажал за своето видение и, откако постапи така, Христовото стадо го запази неоштетено од подмолната завера на Отстапникот. Кога тој виде дека неговата измама е откриена и дека со тоа ништо не направил, нареди на пазарите да се изнесе повторно вообичаената храна.

А Христовиот народ, кога заврши седмицата, му оддаде благодарност на добротворот и маченикот, и со радост, поради коливото, оваа сабота ја определи да се слави во негов спомен. Оттогаш, ние верните, спомнувајќи си за чудото и за да не биде заборавено делото на маченикот, му оддаваме почит на свети Теодор со коливо.

Овој голем маченик Теодор е оној што злочестивиот Вринга го стави во затвор, за време на царот Максимијан. Најнапред бил мачен; потоа тој го запалил храмот на нивната божица, а богатството од храмот го разделил на домородните жители. Неколкумина дошле при него за да го разубедат да се откаже од Христа, но по разговорот тој го отфрлил нивниот предлог. Потоа го подложиле на многу страдања; на крајот, откако разгореле силен оган во печка, го фрлиле во неа, но тоа не му наштетило. Најпосле, својот дух тој Му го предал на Бога.

(Синаксар за велика сабота)

Еден од можните рецепти за коливо:

1 чаша исчистени зрна пченица, 100 гр. мак, 100 гр ореви, 1-3 лажици мед.

Во вода, се варат чистите зрна пченица, и се оставаат да се изладат. Одделно се толчи макот, до добивање на маково млеко, се додава медот, заедно се мешаат и се додаваат во пченицата. Ако кашата е густа, може да се раствори со врела вода. На крај, се додаваат толчените ореви.


kolivo
Извор: Преспанско- пелагониска епархија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…
Јуни 25, 2024
HRISTOS.nafora

За нафората

Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и употребена за свештеничка работа.Овој леб,како избоден со копје и осветен со божествени зборови,им се дава на верниците кои не се причестиле наместо Страшните дарови,т.е.Светата…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 2684
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7134
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6966
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная