Известување за сеноќно бдение во Куманово (14.12.2016 )
На 31 декември (сабота, во навечерието на Неделата пред Рождество Христово, посветена на светите отци), со почеток во 22 часот во соборниот митрополитски храм на светиот Николај Чудотворец во Куманово, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф ќе отслужи сеноќно бдение.












Душата човекова е жедна за благодат и близина со Бога возљубени и скапоцени мои браќа и сестри, но единствено примерот може да ја приведе душата на секој човек по патот на вистината или по патот на погибелта, во зависност од делата кои секој од нас ги твори, а за кои неодложно ќе го добиеме заслуженото.



Понекогаш, кога љубовта Христова нe допира, ја чувствуваме вечноста. Тоа не можеме да го сфатиме со разумот. Бог дејствува на Негов, својствен начин, кој е недофатлив за логиката. Во нашиот христијански живот не треба единствено да се потпираме на својот разум.






























