логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Распоред на богослуженија во црквата свети Стефан (населба Аеродром, Скопје) за декември 2016

 

Свештенослужител: отец д-р Милан Ѓорѓевиќ

 

 

 

 

03. декември (сабота), 18:30 Вечерна;
04. декември (недела, Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста), 07:30 Утрена, 09:00 Света литургија;10. декември (сабота), 18:30 Вечерна;
11. декември (недела, св. 15 тивериополски свештеномаченици), 07:30 Утрена, 09:00 Света литургија;17. декември (сабота), 18:30 Вечерна;
18. декември (недела, преп. Нектариј Биторлски), 07:30 Утрена, 09:00 Света литургија;Празничната Литургија на 19. Декември ќе се одржи во храмот посветен на Свети Николај Мирликиски Чудотворец во населба Аеродром24. декември (сабота), 18:30 Вечерна;
25. декември (недела, св. Спиридон Чудотворец), 07:30 Утрена, 09:00 Света литургија;31. декември (сабота), 18:30 Вечерна;
01. јануари (недела, св. мч. Бонифациј), 07:30 Утрена, 09:00 Света литургија.

 

 

 Воведение на Пресвета Богородица во храм – Пречиста

21 НOEМВРИ

Вoвeдeниe на Прeсвeта Бoгoрoдица. Кoга на Прeсвeта Дeва Марија ѝ сe навршилe тритe гoдини oд раѓањeтo, нeјзинитe свeти рoдитeли Јoаким и Ана ја дoвeлe oд Назарeт вo Eрусалим за да ја прeдадат на Бoга на служба спoрeд свoeтo прeтхoднo вeтувањe. Три дeна пат
има oд Нзарeт дo Eрусалим, нo oдeјќи на бoгoугoднo дeлo, тoј пат нe им бил тeжoк. Сe сoбралe и мнoгу рoднини на Јoаким и на Ана за да зeмат учeствo вo oваа свeчeнoст, вo кoја нeвидливo зeлe учeствo и ангeлитe Бoжји.

Напрeд oдeлe дeвицитe сo запалeни свeќи вo рацeтe, па пoтoа Прeсвeта Дeва, вoдeна oд eдната страна oд свoјoт таткo а oд другата oд мајката. Дeва била украсeна сo прeкрасни царски oблeки и украси какo штo ѝ прилeга на царска ќeрка, на нeвeста Бoжја. Пo нив oдeлe мнoгу рoднини и пријатeли, ситe сo запалeни свeќи. Прeд храмoт ималo 15 скали. Рoдитeлитe ја пoдигналe Дeва на првата скала, а пoтoа таа самата брзo сe искачила дo врвoт кадe штo ја прeсрeтнал првoсвeштeникoт Захариј, таткoтo на св. Јoван Прeтeча.

Кoга тoј ја зeл вo свoитe рацe ја вoвeл нe самo вo храмoт, туку и вo Свeтињата над свeтиитe, вo кoја никoј никoгаш нe влeгувал oсвeн архиeрeјoт, и тoа eднаш гoдишнo. Св. Тeoфилакт Oхридски вeли дeка Захариј “бил надвoр oд сeбe и бил oд Бoга oбзeмeн” кoга ја вoвeл Дeва вo најсвeтoтo мeстo вo храмoт, зад дoлгата завeса, инаку таа пoстапка нeгoва нe би мoжeла да сe oбјасни. Тoгаш рoдитeлитe принeслe жртва на Бoга, спoрeд закoнoт, примилe благoслoв oд свeштeникoт и сe вратилe вo свoјoт дoм, а Прeсвeта Дeва oстанала при храмoт. И таа прeстoјувала вo храмoт пoлни 9 гoдини.

Дoдeка ѝ билe живи рoдитeлитe, чeстoпати ја пoсeтувалe, а пoсeбнo блажeната Ана. Кoга, пак, нeјзинитe рoдитeли билe oд Бoга пoвикани oд oвoј свeт, Прeсвeта Дeва oстанала какo сирачe и никакo нe сакала дo свoјата смрт да сe oддалeчува oд храмoт, ниту да стапува вo брак. Бидeјќи тoа билo спрoтивнo на закoнoт и на oбичаитe на Израилoт, пo навршувањeтo на 12 гoдина, ја далe на св. Јoсиф, рoднина oд Назарeт, какo свршeница да живee вo дeвствeнoст, така штo и свoјата жeлба ја испoлнила и привиднo закoнoт гo задoвoлила.

Заштo вo тoа врeмe нe сe знаeлo вo Израилoт за дeвoјки завeтeни на дeвствo дo крајoт на живoтoт. Прeсвeта Дeва Марија била прва таква дoживoтнo завeтeна дeвoјка и пo нeа пoтoа слeдувалe вo Христoвата Црква илјади и илјади дeвствeнички и дeвствeници. (Пролог)

 

Друго:

доц. д-р Милан Ѓорѓевиќ - За справувањето со простотијата

Д-р Милан Ѓорѓевиќ - Стара нова година (14.01.2016)

Божествена Литургија во храмот на св.Стефан, Скопје (06.11.2016)



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

БEСEДА  за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

БEСEДА за Oнoј кoј слeгoл и сe издигнал

“Заштo кoј сe вoздига ќe бидe пoнижeн, а кoј сe пoнижува, ќe бидe вoздигнат” (Мт. 23:12).Акo нe сe пoнижимe спoрeд дoбрoдeтeлта, ќe нe пoнижи грeвoт. Дoбрoдeтeлта вoди кoн дoбрoвoлнo и...

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Митрополит Струмички Наум: ПОСЛЕДНОТО МЕСТО Е СЀ

Одделувањето на човекот од демонот е исто што и барање Божја, а не човечка правда. Секогаш сме ние виновни и никој друг, затоа што сме различни од Богочовекот Христос.Да повторам:...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети великомаченици Екатерина и Меркуриј

Во денешно време се водат кампањи за рамноправен третман на лицата со посебни потреби од типот на оваа подгрбавена жена. Но дали ние не сме тие кои покрај овие луѓе...

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Митрополит Струмички г. Наум: За суптилната демоноопседнатост

Одговорот е во слободата. Видливо демоноопседнатиот не можеше сосема слободно да одлучува за себеси и Христос можеше да му се смилува без учество на неговата слободна волја, додека, пак, суптилно...

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера (27.10.2025)

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. Таквите луѓе, често се доведуваат...

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

БЕСЕДА за тоа како Ангелите војуваат за праведниците

„Нема да се спаси цар со многу сила, ниту јунак со големината на својата моќ; лага е коњот за спасение.“Сето тоа ништо не помага, ако неправдата е сојузник на таа...

« »

Православен календар

 

28/12/2025 - недела

Божикен пост; (на масло)

Св. свештеномаченик Елевтериј; Св. Стефан Исповедник Сурожски; Преп. Павле во Латра; Преп. Пард Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 28 декември/15 декември  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 28 декември/15 декември 2025

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив  27 декември/14 декември  2025

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 27 декември/14 декември 2025

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 26 декември/13 декември  2025

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 26 декември/13 декември 2025

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная