Ирмосː Крепкиот Господ во борбите, го откри дното на бездната и Својот народ го преведе по суво, а во неа ги потопи непријателите, зашто се прослави.
Господ – Царот на вековиите, во Јорданските води го обновува Адама изгниениот, и ги смачкува главите на земните што се вгнездиле во него, зашто се прослави.
Тoа гo глeдамe oд живoтoт на гoлeмиoт апoстoл Андрeј Првoпoвикан, кoјштo e и апoстoл, и благoвeсник, и прoрoк, и пастир и учитeл (Eфeс. 4:11). Какo благoвeсник тoј ја прoнeсoл благата eвангeлска вeст на чeтиритe страни на свeтoт; какo прoрoк гo прoрeкoл крштавањeтo на рускиoт нарoд и гoлeмината на Киeв какo град и какo христијански цeнтар;
Љубов кон ближниот-Св.Мојсеј Оптински- Нека Господ ви подари мудрост и сила еден на друг да си ги носите тешкотиите и така да го исполнувате законот Христов. (Нека ви подари) и љубов и мир. Нека грешките, недостатоците и гревовите на браќата бидат мои.
Психичките заболувања настануваат поради три главни причини. Првата е природата на човекот. Факт е дека индивидуалните биолошки и генетски фактори играат овде решавачка улога. Има болести кои се последица на гревовни страсти што ја потчиниле душата - алкохолизам, наркоманија, игроманија (коцкање) итн. А има и психички растројства како последица на демонско влијание.