Тропар на свети Алимпиј столпник 9 декември/26 ноември 2025
Столб на трпение стана,
кога преподобно ревнуваше како праотците,
Јов во маките, Јосиф во искушенијата,
и живот на бесплотните во тело.
Столб на трпение стана,
кога преподобно ревнуваше како праотците,
Јов во маките, Јосиф во искушенијата,
и живот на бесплотните во тело.
Празнична вечерна богослужба и Свечена академија по повод денот на свети Климент Охридски
На 7.12.2025 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов и во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм, „Св. Климент Охридски“ беше отслужена Празнична вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, во сослужение со бројни свештенослужители на Скопската епархија.
На Вечерната присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.
По Вечерната, во НУ „Музеј на македонската борбa за самостојност“, беше одржана традиционалната Светиклиментова свечена академија. На истата свои слова одржаа Претседателката на Република Македонија проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, којашто беше и покровител на Академијата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, додека централната свечена беседа ја произнесе проф. д-р Венко Андоновски.
Свеченоста беше дополнително разубавена со прекрасните песнопенија на хорот „Свети Климент Охридски“, под уметничко водство на диригентот г. Панче Јосифов.
Среде многубројниот народ во преполната свечена сала на Музејот, присутни на Академијата беа и: претседателот на Македонската Влада проф. д-р Христијан Мицкоски, бројни министри, пратеници, градоначалници, академици, претстојатeли и претставници на останатите цркви и верски заедници, директори на високи државни институции, ректори, декани, професори, членови на дипломатскиот кор, свештенослужители и почитувачи на светиот лик и светлото дело на великиот свети Климент.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/svecena-akademija-2025/
На 6.12.2025 година, традиционално, по 58. пат, беше прославен патрониот празник на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“. Празнувањето започна со Архијерејска вечерна богослужба во параклисот при Богословијата, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј,
Во твоето духовно бдеење ќе ти помогне постот – ниту над, ниту под мерката на твоите сили. За Божествените нешта не се размислува со прејаден стомак, велат подвижниците. Дури и наједноставните тајни на Света Троица остануваат сокриени за оној што е телесно наситен. Сам Христос ни даде пример
Некои луѓе ќе останат емотивно заглавени во своето детство.
И така, секојпат кога ќе имаш големи очекувања од нив, ќе се разочаруваш. Секојпат кога ќе очекуваш да делуваат, да зборуваат, да се справуваат со ситуациите на поинаков начин, повторно и повторно ќе те изневеруваат.
·
Раскажувањето приказни отсекогаш било грандиозно дело. И Господ Исус Христос не поучуваше преку апстрактни идеи, туку преку параболи — стории, за сеачот кој сее, за заблудениот син кој се кае. Во тој ист дух, и филмските уметници успеале да исткаат современи параболи.
„Сакал или не, твојата душа оди од овој во оној свет. Ти не си ја создал, Бог ја создаде бесмртна. Мораш да умреш еден ден и тогаш ќе видиш — но доцна — дека Евангелието на Господ Христос е вистинито, од почеток до крај, и дека Тој затоа дојде во овој свет да ја освети нашата душа, да ја
Пустината тивко очистувајќи го срцето твое,
о свети Амфилохие,
те припреми да бидеш изведен на Божја служба,
тебе кој со ангелот се молеше,
мудроста Божја на жедните преку тебе представена беше,
Големита дарови секогаш се придружени со големи искушенија — и пред нивното доаѓање, и по него. Така е, затоа што добриот Бог го знае нашиот болен нарцизам, тајната желба сè да присвојуваме за наша корист. Затоа, заедно со дарот и харизмата, Тој допушта и искушение.
Јоаким и Ана држејќи ја Марија за рака, застанаа пред петнаесетте скали по кои требаше да се искачат, за да влезат во храмот. Тие ја подигнаа Марија на првата скала. Во истиот момент, нешто силно блесна, необична светлина го осветли местото. Во тој момент, од десната и левата страна на Марија застанаа Архангелите Михаил и Гаврил
О вие мажи обручени за љубовта Божја,
о вие тихуватели кои го запознавте гласот на срцето,
Калисте и Игнатие отци наши преподобни,
молете Го Младоженецот на душите човечки
Во издание на Скопската православна епархија, излезе од печат книгата „Моќта на Името“ од Епископот Калист Вер.Оваа книга изобилува со размисли коишто ја откриваат внатрешната и надворешната страна на Исусовата молитва. Таа молитва, во православната духовност, е,

3 ДЕН (21.12.2025 недела): Будење, и заминување на литургија, а потоа поклониците ќе можат да се поклонат и да се помолат пред моштите од светителот. По оваа посета следи враќање во Скопје, а пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.000 денари.

Се жалиме и молиме за љубов, пријателство и добрина од другите, а за жал, повторно се разочаруваме. Жедта за тоа луѓето да ја пополнат нашата празнина, на крајот, нѐ доведува до извор без вода и нѐ остава повредени и страдални.
Важно е, кога се молиш на претходно опишаниот начин, да не му дозволуваш слобода на сопственото тело. Молитва при која телото не страда, а срцето не плаче, е слична на неоформен плод; таквата молитва нема душа, велат духовните учители.
Православната Црква носи во себе една длабоко спознајна и неизмерно раскошна тајна, содржина што повеќе од две илјади години го оживува човекот и го држи светот во постоење. Тоа е Светата Литургија – изворот на животот, допирот со Возвишеното, местото каде човекот се преобразува,
Кондак 1
Избрана од предвечниот Цар Богоотроковице Марие, на Ангелите и луѓето Царице, која си пристапила тогаш во храмот Господов во Светињата на Светиите, за девствено вневестување со својот Женик Небесен воспитувајќи се во Божјото Живеалиште, достојно поклонение усрдно Тебе Ти принесуваме. Ти
Денес е почетокот на Божјата милост
и на проповедта за спасение на луѓето.
Во храмот Божји јасно Дева се јавува
и Христа на сите го предвестува.