СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, СВ. ВМЧ. ПАНТЕЛЕЈМОН И СВ. СЕДМОЧИСЛЕНИЦИ
Поминаа многу векови откако лукавиот демон, преку нашата прамајка Ева, го наведе Адама, нашиот праотец, на прекршување на Божјата заповед, а преку тоа и севкупниот човечки род падна во грев и ја изгуби првоначалната убавина. Светите апостоли зборуваат дека од тој грев не страда само природата, туку и сè воопшто создадено.