Славчо Костадиновски: ДВАЕСЕТ И СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕЕТНИЦА Лк. 85 (17,11-19)
Понекогаш, оптоварени од сопствените проблеми, или световните грижи и не забележуваме ништо околу себе. Да бидеме искрени, ние своето внимание го насочуваме, првенствено кон себе а потоа кон останатите.. Токму затоа нашиот Спасител Господ Исус Христос ја поставил како голема и надежна заповедта: „Сакај ги своите ближни како самиот себе си“! Со тоа Тој ни наложува да не забораваме на проблемите и од нашите блиски. Значи, должни сме да земеме активно учество во разрешувањето и на нивните проблеми.