Митрополит Струмички Наум: До кога ќе бидам со вас? (28.08.2021)
„А кога беа во Галилеја, Исус им рече: ’Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.‘“ Им кажа, за да ги предупреди, за кое Царство најпрво тие треба да се борат. Но и ден-денес, многумина не ја сфаќаат Христовата порака и се борат само за овоземното царство, а притоа го губат Небесното – исто како и сите незнабошци.