За љубовта Божја !
Господ не сака како свои деца, и Неговата љубов од мајчината љубов е поголема, оти мајката може и да го заборави своето дете, но Господ никогаш не не заборава. Кога Господ не би го давал Светиот Дух на народот православен и големите пастири наши, не би знаеле колку многу не сака Тој. Нека Му е слава на нашиот Господ и Неговото милосрдие, што на грешници ја дава благодатта на Светиот Дух.
Многу богати и цареви не Го спознале Господа, а ние бедните монаси и пастири Го познавме Господа со Духот Свет. За да се спознае Господ не е потребно ниу богатство, ниту ученост, а потребно е само да се биде послушен и воздржан, смирен дух да се има и ближните свои да се сакаат. Тогаш Господ ќе ја засака таа душа, и на љубов и смирение ќе ја учи, и се што е корисно ќе и даде, за да го најде мирот во Бога.
Свети Силуан Атонски