Свети Нектариј Егински: За лукавиот, лош и подмукол пријател
Лукавиот пријател е некорисен и опасен човек. Тој во својата душа нема ништо здраво, во неа нема ништо свето и ништо честито, безверен е, превртлив, лукав и подмукол.
Не знае за искреност, а на јазикот носи лукавство и лага. Мисли лукаво, а во срцето свое чувствува подлост. Неговите зборови се благи, а намерите превртливи.