логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Обраќање на Претседателот г. Стево Пендаровски, при одбележувањето на 1000-годишнината на Бигорскиот Манастир „Свети Јован Крстител“, на 18 октомври 2020 година.
г. Стево Пендаровски – претседател на Република Северна Македонија

Почитуван Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима,

Почитуван Епископ Антаниски, Игумен на Бигорскиот манастир Св. Јован Крстител,

Почитувани членови на Бигорската Обител,

Драги пријатели,

Пред три дена, во пресрет на овој голем ден, имав чест да го одликувам манастирот „Свети Јован Крстител“, со државен Орден за заслуги. Во име на македонските граѓани се заблагодарив за придонесот на ова култно место и тоа што тоа место го дава несебично низ вековите, во негувањето на духовното и културно-историското наследство на народот и земјата на која што припаѓа

Денешниов свечен ден е прекраток, за да ги опише, барем, главните настани од илјадагодишната историја на Бигорски. Но, кога, за момент,  на овие илјада години би гледале како на еден ден, тогаш би можеле да го видиме првиот Охридски архиепископ Јован Дебранин како го основа и осветува манастирот. Би биле сведоци на генерации верници, монаси и мирјани, како ја надградуваат и оддржуваат жива, бигорската обител. Би ги виделе македонските неимари како од варовник ги ѕидаат овие прекрасни градби, легендарните Мијаци – копаничари како трпеливо го резбаат бигорскиот иконостас, прочуените зографи како ги сликаат познатите фрески и икони.

Iljadaletie-Bigorski-Manastir-62

Би биле сведоци на илјада празнувања на Христовото раѓање и воскресение. Би виделе како манастирот прераснува во извор на духовноста, писменоста, и преродбата, каде што дејствувале луѓе кои несомнено биле далеку пред своето време – Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Анатолиј и Партениј Зографски и браќата Миладиновци.

Почитувани, за жал, би биле сведоци и на големи премрежија и несреќи. Низ вековите, Бигорскиот манастир преживеал прогони, пожари и војни,  но и надживеал империи, држави и идеологии. На моменти бил и затворан, но, никогаш, никогаш не бил заборавен и избришан од меморијата на луѓето. По секоја несреќа, монасите, заедно со народот, го обновувале ова светилиште, достигнувајќи нови духовни и уметнички височини.

Дури и ваквиот, сосема краток приказ на долгата манастирска историја, неминовно го наметнува прашањето: како овој храм на спокојот и на убавината, успеал да ги преброди сите овие бури?

Ова прашање, а уште повеќе одговорот на него се особено важни и за нашиот денешен, современ контекст. Економските, социјалните, безбедносните и еколошките кризи со кои се соочува човештвото многукратно се зголемија по интензитет, по својата сложеност и влијание. Пандемијата само ги умножи проблемите. Глобалните процеси и турбуленции влијаат и врз нашето секојдневие. Понекогаш овој вител на кризи прави да се чувствуваме како сѐ да се случува одеднаш, како илјада години да се збиени во само еден ден.

И токму во вакви моменти на растечка недоверба меѓу луѓето, страв и неизвесност од непознатото, многу наши сограѓани бараат мир, утеха и надеж токму на ова место. За многу страдалници од различни генерации, различни држави и различни идеологии и религии, Бигорскиот манастир претставува духовно засолниште од бурите на животот. Поделбите и предрасудите кои се толку присутни во нашето секојдневие немаат место во манастирот во кој луѓето се, пред се луѓе, независно од нивните лични особености. Ова е место за заздравување на душевните рани и рехабилитација на зависниците. Многу верници токму во овој манастир ја враќаат вербата во животот и го зацврстуваат својот духовен идентитет.

Овој илјадагодишен подвиг се должи на две нешта. Прво, Бигорскиот Манастир не е само материјална, туку и духовна градба соѕидана не само од бигорскиот варовник, туку и од постојаните молитви на генерации на луѓе од верата.

Второ, познато е дека оние кои тука поминуваат дел од животот имаат поразлично сфаќање за времето кое за нив е еднакво на вечноста. За нив, секој еден ден поминат во самооткажување вреди колку илјада години. Луѓето кои искрено веруваат, полесно го раздвојуваат тривијалното од суштинското, минливото од трајното. Со таквиот свој спокоен став кон животот тие не се натпреваруваат за успех, за материјални богатства или за моќ над другите. Се чини во тоа е тајната на вековното опстојување на овој манастир чии што темели се длабоко поставени во срцата и душите на македонскиот народ.

Iljadaletie-Bigorski-Manastir-11

Почитувани присутни,

Денешниов јубилеј нѐ поттикнува да размислуваме колку мудро ги користиме деновите во нашите животи и во што ги вложуваме годините? Дали само во потрага по материјални вредности или и за покажување добрина и солидарност кон најблиските и кон сите оние на кои животот им станал претежок? Дали и колку секој од нас придонесува за најважната кауза, за изградбата на слободно општество на рамноправни  и доблесни во кое ќе се почитува вроденото достоинство на секој човек?

Затоа е нужно, денес, на почетокот на второто илјадалетие на Бигорскиот Манастир, да размислуваме, како некоја следна генерација наши потомци ќе ги цени делата на нашата генерација. Се надевам дека ако останеме со силна верба и меѓусебна почит, и по илјада години ќе имаме добрини и вредности кои ќе останат зад нас, за кои ќе се прикажува.

Со таа мисла, дозволете ми на сите да ви посакам добро здравје и радост со најблиските, а на свештената бигорска обител и на отец Партениј да им посакам да ја задржат духовната сила и енергија што ја поседуваат за да ги совладаат сите искушенија на животниот пат кој го имаат избрано.

Здравје Боже, да се гледаме само за убави работи!

Ви благодарам.

Iljadaletie-Bigorski-Manastir-7

Извор:

https://bigorski.org.mk/kolumni/iljada-godini-kako-eden-den/

 

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

Митрополит Струмички Наум: БОГОЈАВЛЕНИЕ - ОТКЛУЧУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ЛИЧНОСТА

 Бог го создаде човекот според Својот образ и подобие, т.е. како личност. Што точно, колку што може да сфатиме, значи тоа? Прво, образот Божји значи - совршена слобода, а подобието...

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Митрополит Струмички г. Наум: КАКВО Е ЗНАЧЕЊЕТО НА МОЈОТ ЗБОР?

Зборот на еден Епископ на Црквата Божја, на оној, не што Го заменува Христос, туку кој е икона Христова – на место и во обличје Христово; оти Богочовекот Исус Христос...

Извлекување од длабочината на тагата

Извлекување од длабочината на тагата

 Паѓањето во преголема тага и очајание, не е љубов кон оној ближен што сме го изгубиле, туку своевидно изневерување – од перспектива на Царството Небесно. Начинот на нашиот живот –...

 Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Митрополит Струмички г. Наум: Пречки или предности при молитвата

Тоа се, на пример, топлината на срцето, восогласеноста на дишењето со изговарањето на зборовите на молитвата и затвореноста или отвореноста на срцето за молитвата. Со овие три појави, вообичаено, се...

Рождество Христово

Рождество Христово

Сите ние – христијаните, знаеме дека светата Литургија е сржта на нашето постоење во овој свет и век. Целиот наш живот е, или треба да е, една света Литургија. Богочовекот...

Божикно послание (06.01.2026)

Живееме во свет во којшто има неправди и беззаконие, каде што не само што не се почитуваат Христовите заповеди, туку и владеат норми најдиректно спротивни на нив. Но да не...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

о.Жарко Ѓорѓиевски: Пред Рождество Христово (Мт. Зач. 1)

Во овие светли денови на соборно прославување на Христовото раѓање, непрестајно да Му благодариме на Бога Отецот, Кој покажа бескрајна љубов кон нас, па и ние да направиме јасли во...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ИСЦЕЛУВАЊЕТО НА ДЕСЕТТЕ ЛЕПРОЗНИ

Но, зошто Бог бара од луѓето благодарност? Поради Својата бескрајна љубов кон луѓето; Бог бара од нас да Му принесеме благодарност. Благодарноста од луѓето нема да Го направи Бога поголем,...

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Митрополит Струмички г. Наум: Демонско преземање, т.е. хакирање, на разумот

Кој момент од нашиот живот посебно го чека и користи демонот за да направи обид за преземање на нашиот разум? Демонот постојано си подготвува терен, и преку општата атмосфера што...

« »

Православен календар

 

23/01/2026 - петок

Св. Григориј, епископ Ниски; Преп. Амон; Св. Маркијан; Св. Теофан Затворник;;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј  23 јануари/10 јануари  2026

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 23 јануари/10 јануари 2026

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт  22 јануари/9 јануари 2026

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 22 јануари/9 јануари 2026

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит  21 јануари/8 јануари / 2026

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 21 јануари/8 јануари / 2026

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная