Св. Јован Лествичник: Четврта недела од Великиот Пост – За љубовта, надежта и верата
Верата е зракот, надежта – светлината, а љубовта е сончевиот круг. И сите тие сочинуваат еден блесок и еден сјај.
Верата може да направи сè, сè да создаде. Надежта, ја повикува Божјата милост и ја прави непосрамена. А љубовта никогаш не слабее, не заостанува и не му дава мир на оној, кој е занесен од нејзиниот блажен восхит.