логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT753

Нашиот личносен однос со Бог е гледање на лицето Негово
           Главната поента од ова прочитано Евангелско четиво не е чудото дека Господ одел по водата затоа што ништо не е чудно за Оној Кој што создал се од ни од што, туку нашиот личносен однос кон Него, т.е гледањето на лицето Божјо. Исто така слободата во љубовта, љубовта во слободата која што Бог ни ја дава.
          Отпосле чудото со умножувањето на петте леба и двете риби Господ Исус Христос ги испратил апостолите на бродот, а тој останал уште малку време со луѓето. Откако тие се оддалечиле од брегот, тогаш и Тој тргнал по нив одејки по водата. Кога се приближил до бродот каде што биле Апостолите, Апостол Петар побарал да дојде при Него, Исус го повикал и тој пошол по водата гледајки го лицето Божјо.Треба да запамтиме, се додека Петер гледал во лицето Божјо, тој одел цврсто по водата. Во првиот момент кога се посомневал, во првиот момент кога одговорил на надворешните искушенија - ветровите, тој го свртил својот поглед од Бога, почнал да пропаѓа и се паѓа во водата. Тоа значи дека се во нашиот живот, треба да правиме пред лицето Божјо. И во се во нашиот живот треба да бидеме исправни пред Бога и да го гледаме Христос пред нас. А се она кое што го попречува тој пат и се она што не попречува да го гледаме лицето Божјо, едноставно треба да го отстрануваме. Тоа се тие надворешни нешта што доаѓат од страна. Тоа се нашите помисли, тоа се искушенијата од страна, тоа се предизвиците во животот во кои што ние повторно и повторно треба да го гледаме прво Христос и понатака преку Него да ги решаваме сите нив.
          Ние, за жал, сеуште грешиме и на дело со видливи гревови, и со тоа покажува колку само сме далеку од Бога и од гледањето на лицето Божјо. Грешиме и со зборови исто така. Се навредуваме се повредуваме, озборуваме, судиме, говореме глупости, невистини и непотребни работи. Но треба да внимаваме и на помислите, затоа што и секоја грешна помисла е грев и повторно свртување на нашиот поглед од лицето Божјо. Ветрот во настанот ги претставува, не само надворешните искушенија, туку и помислите, а сето тоа е негледање на лицето Божјо.
         Се започнува од помислата. Кога на некоја надворешната демонска помисла ќе и обрнеме внимание таа веќе влегла во нас и зазела простор. И повторно, ако не ја отфрлеме таа зазема уште поголем простор и прераснува во чуство и енергија и понатака се додека таа не се оствари на дело. Единствен начин на кој што ние можеме да се зачуваме е да ја игнорирам и само да го гледаме лицето Божјо, односно да имаме постојана, непрестајна Исусова молитва и дела според Бога. Треба да се трудиме, да ја кажуваме молитвата во секое време на секој час, и да се сеќаваме на Бог, а тоа е, повторно ќе речеме, да го гледаме лицето Божјо. На тој начин да ги отфрламе сите помисли. Особено оние помисли кои што ни доаѓаат како соблазни, како и оние кои што ни доаѓаат како добри предлози кои што подоцна ќе се покаже дека се лоши. Исто така и тие се обиди на нечестивиот да не отргнат од гледањето на лицето Божјо, однисно, од Бога.
          Гледањето на лицето Божјо, во овој „иконичен“ век е гледањето во лицето на духовниот Отец. Во него го спознаваме Бог и затоа со него се консултирање и исповедање за секоја наша помсила и за се она што ни се случува во духовниот живот. Затоа треба и да го слушаме во се. Во споривно е одење по разбрануваното море на искушенијата и наше пропаѓање. Ние не сакаме да се исповедаме, затоа што не сакаме да го слушаме. А не сакаме да го слушаме затоа што сакаме да си ја исполнуваме својата волја, се сакаме повеќе себеси повеќе од се и се ставаме себе си на ценарот, на местото на Бог. И сето тоа е негледање на лицето Божјо, и свртување настрана и наше пропаѓање.
              Исто така, и преку лицето на другиот ние го гледаме лицето Божјо. Бог се истоветува секој човек и а преку секој еден ние тоа да го гледаме лицето Божјо. Нашиот однос према нашиот ближен е всушност нашиот однос према Христос, кој и да е тоа. Било тоа да е наш пријател, било да е непријател, било да е роднина или некој туѓинец, било да е некој угледен или неугледен човек, било да е грешник или праведник, во секого треба да го гледаме лицето Божјо.
И гледате во евангелскиот настан, само откако повторно Петар се свртил кон Бога, го погледнал лицето Негово, Бог веднаш му испратил помош. Ја подал Неговата рака за да го спаси. Колку тој и да викал по овој или оној човек, да се жалел за ова или за она ситуација, да се оправдувал или што да е нешто друго, немало ништо да му помогне и се повеќе и повеќе ќе пропаѓал. Но тој го направил вистинското, се покајал и повторно погледнал кон Бога.
            Во овој момент се покажува втората наша мисла која ја потенциравме на почетокот, љубовта во слобода и слобода во љубов. Прво Петар погледнал во лицето Божјо. И тогаш Господ ја дава Неговата рака. Бог ништо не прави против нашата слобода и против нашата волја. Тој бара соработка со нас. Во истиот момент кога ние го бараме Бога и Бог е со нас. Во тој момент кога не го бараме Бога, Бог не е со нас и тоа е љубовта Божја. Преку нашата слобода, тој ни ја покажува љубовта, зашто нема љубов ако некој ни ја скратува слободата. Страшното за нас е кога не сме со Бога и кога Бог не е со нас, знаеме кој е и знаеме со кој сме, а тој ни ја узурпира слободта затоа што нема тронка љубов во нехо.
          И затоа треба се во нашиот живот, да живееме, со тоа да се трудеме да бидеме со Бога. Да го споредуваме нашиот живот и корегираме нашиот живот според Божјиот живот. Нашата волја, според Божјата волја. Нашите мисли, според Неговите мисли. Нашите зборви, според Неговите зборови и Нашите дела, според Неговите. Така да го контролираме нашиот живот дали е исправен или не исправен. Не да се споредуваме со некој друг, а најчесто имаме тенденции да се споредуваме со лошите примери и сакаме со тоа да се оправдаме за нашите лоши дела. Нас не не итересира дали овој направил така или онаа не направила така, туку едноставно само како Христос направил. Како Христос одговорил во дадена ситуација, на даденото искушение, така и ние во дадениот момент треба да постапуваме.
          На крајот, повторно ќе речаме, се она што не одделува од лицето Божјо и застанува како препрека помеѓу нас и Бога, па не можеме да го видеме Бога, сето тое е искушение и сето тоа е од демонот, сето тоа е на наша штета и треба да го отстраниме.
Нека Господ Исус Христос ни помага во тоа, ни ја даде Неговата благочестива рака на нас маловерните и ние да влеземе со Него во коработ овде на земјата, која што е Црквата и царството небесно кое што е вечноста, кое што ни следи.

Otec Gavril fb

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3222
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7716
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная