Најновиот број од списанието Occasional Papers on Religion in Eastern Europe посветено на јубилејот – 50 години автокефалност на Македонската православна црква
Со одлука на Третиот црковно – народен собор, на 17 јули 1967 година, точно 200 години од укинувањето во 1767 година, повторно е возобновена Охридската архиепископија како Македонска православна црква. На денешен ден, пак, на 19 јули 1967, е извршен чинот на прогласување на автокефалноста за време на свечената архиерејска литургија отслужена во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.