Скопје, 2-ри март 2018 год.- храм на св.Петка
На 02.03.2018 година, во вториот петок од Великиот Пост на вечерната богослужба во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче, старешината на храмот, о.Томе Велјановски во солужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи втора статија од Акатистот кон Пресвета Богородица.
[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=fGkbipnNCvc[/youtube]
Ирмос: Песнословците Твои, Богородице, жив и неисцрпен извору, во собор духовен утврди ги, и во божествената Твоја слава со венци на слава удостој ги.
Пресвета Богородице, спаси нѐ!
Радувај се, Ти која го произнесе божествениот клас како нива неорана; Радувај се одуховена Трпезо на Лебот на Животот; Радувај се непресуштен Извору на Вода Жива, Владичице.
Пресвета Богородице, спаси нѐ!
Радувај се, Дево, Ти која го роди божествениот Младенец; Радувај се, Јагне кое го роди Јагнето Божјо кое на Себе ги зема гревовите на светот; Радувај се, Очистилиште топло.
Пресвета Богородице, спаси нѐ!
Радувај се, посветла од зората, Ти единствена Која го носиш Сонцето Христос, Пребивалиште на Светлината; Радувај се, Ти, Која ја разнесе темнината и сосема ги разгони мрачните демони.
Пресвета Богородице, спаси нѐ!
Радувај се, единствена врато низ која Логосот мина, Владителке Која со Чедото Свое си ги разбила лостовите и портите адски; Радувај се, Божествен Входу на спасуваните, Сефалена.
(Од Канонот кон Пресвета Богородица)
Преминпортал (к.т.)