Митрополит Антониј (Сурошки) - Што значи да се биде Христијанин? (IIдел)

Сиот христијански живот се состои во тоа да Му се биде верен другар на Христос; да се има сознание што Он сака, што Му е одвратно, што Го довело до смртта, та човекот да се однесува соодветно на тоа. Во првите векови на Христијанството, да се биде Христов другар, да Му се биде верен...






Кога говориме за болеста, во предвид ги имаме болестите на луѓе што се исти како нас. И што да правиме со овие болести? Луѓе, „благочестиви“, често ми велат: „Зошто да одам на лекар? Можам да отидам и да го замолам свештеникот да се помоли за мене или да испросам од него помазување со свето масло“
Христовата мисија на земјата била да го спаси светот преку страдање, а страдањето донесува многу смирение. Да бегаме од сопственото страдање е погрешно. Ти вистински си слободен тогаш кога се бориш, кога си присутен на крстот. Страдањето носи длабока мудрост и прави сериозно да размислиме за своето спасение.
Целиот живот на Црквата е чудо. Наоѓајќи се во лоното на Црквата, верните христијани, стануваат учесници во големите чуда. Тие живеат, постојано чувствувајќи го присувството Божјо. Тие се крштеваат во името на Света Троица и стануваат членови на Телото Христово. Тие се соединуваат со Телото и Крвта Христови во Светата Тајна Евхаристија и стануваат едно Тело и една Крв со Христа. Многу често во својот живот христијаните се сведоци на чудесното јавување на Божјата благодат.
Овој пламенен дух што сите ние, верници христијани, Го примаме во Света Тајна Крштение, е запечатен со свети печати на Света Тајна Миропомазание, ставени врз главните делови на нашето тело, според одредбите на Црквата, бидејќи од тој момент нашето тело станува дарохранилница на благодатта за вечност... Оваа крштенска благодат е толку голема, овој извор на живот е толку неопходен за човекот,...
Светиот Дух се јави во вид на „огнени јазици“, одвоени едни од други кои застанаа врз секого од присутните, врз секој член на Телото Христово... Светиот Дух им се дава на личностите, одбележувајќи го секој член на Црквата со печат на личен и единствен однос со Света Троица, при што Он станува присутен во секоја личност. Како? Тоа останува тајна – тајната на кенозисот на Светиот Дух, Кој доаѓа во светот...
Учителот кажа:
Во животот на духовниот човек постојат денови и периоди кога тој во себе чувствува празнина, слабост на душата. Нешто недостасува и тој чувствува дека внатре во себе нешто напуштил, а не знае како да си дојде на себеси, како да ги поврати почетната сила и благодат што ги поседувала душата. Не знае како да си ја поврати полнотата што ја изгубил.
„Акo нeкoј би мoжeл да ги пoгoди ситe чoвeчки мисли и да ги прoрeчe ситe судбини чoвeчки, и да ја oбјави сeкoја тајна штo зeмјата ја криe вo свoитe длабoчини, а нeма страв oд Бoга, нeгoвoтo знаeњe e какo истурeнo млeкo вo нeкoј нeчист сад oд кoј цeлoтo млeкo сe расипува. И на нeгoвиoт смртeн час, нeгoвата мудрoст нeма да свeти ни кoлку дoгoрчe бeз пламeн, туку смртната нoќ ќe му ја направи уштe пoтeмна.“
На 13 јуни 2019 година, во Македонската православна богословија (МПБ) „Св. Климент Охридски“, во Драчево, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на САС на МПЦ – ОА, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф беа поделени сведителствата и дипломи на 51-генерација успешно завршени матуранти –богослови.
Дали сте знаеле дека Струмица е најбогата со цркви, дури и повеќе од Охрид? Неоткриеното богатство сè уште не е доволно истражено, а тоа се наоѓа под самиот град, кој изобилува со најстарите храмови уште од самите мугри на христијанството.

На 09.06.2019 година, во седмата недела по Пасха (Недела на Светите Отци од првиот Вселенски Собор), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
























