БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo збoрoви.Пoпрвo ќe ги убeдиш сo дeла. “Нeка ги видат вашитe дoбри дeла, да Гo прoслават Бoга” (IПeтр. 2:12). На oниe кoи сакаат да спoрат сo вас, направeтe им дoбрo дeлo и виe ќe гo дoбиeтe спoрoт.








Петар и Павле, сесветлите светилници на духовното небо, првоврховните и сефални Апостоли, ги чествува денес должно и со псалми и химни ги воспева нивните сечесни личности, Црквата Христова.
- Зошто кога човек ќе се разболи, велат, дека Бог го посетил?
Монасите имајќи го опитот на Живиот и Вистински Христос биле и се особено чувствителни при секој обид за искривување на верата. Секако, учители на верата се Епископите и пастирите во светот. Монасите се истакнуваат како исповедници на верата, секогаш кога верата е во опасност. Господ ги повикува сите верници да ја исповедаат верата: "Секој кој ќе Ме исповеда пред луѓето, и Јас ќе го исповедам него пред Мојот Отец Небесен" (Мат. 10, 32).

Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. И во овој, 50-ти број, обработивме многу нови душеполезни теми, од кои се надеваме дека читателската публика ќе пронајде поука. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
Но, и покрај тоа што црквата речиси целосно изгоре, во урнатините на црквата беше пронајдена чудотворната икона на Мајката Божја, иако доста оштетена. Уште едно слично чудо со оваа икона се случило во 1770 година, кога повторно после пожар била откриена недопрена, а само на десниот образ на Мајката Божја имало гребнатина. Многумина поклоници ја посетувале црквата со надеж за исцеление и постојат стотици записи според кои многумина добиле исцеление од чудотворната икона.
Во текот на реставрацијата во црквата посветена на Рождеството Христово во Витлеем, при реставрирањето на крстилницата во јужниот ходник на црквата беше пронајдена уште една постара крстилница, скриена во постоечката осумаголна крстилница, направена од ист камен како и столбовите на Црквата. Ова откритие ќе помогне во понатамошното расветлување на историјатот на оваа црква и нејзините археолошки артефакти.
Собирањето на подароците беше организирано од Здружението на луѓе со пречки од селото Горбачевка, во околината на Киев, кое вклучува 1457 луѓе со пречки, 115 деца со пречки, како и 42 деца со родители со пречки. Повеќето од нив не се во состојба да присуствуваат на хуманитарните настани, па затоа членовите на Здружението ги посетуваат дома.

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце. Те надвладеало обесхрабрување? Не заборавај своите надежи да ги положиш на Христа и твојата душа ќе се исполни со храброст и со сила.
Моќен и слаткоречив беседник за тајната на овој ден, поточно за таинствената личност на денешниот славеник, беше некогашниот светогорски собрат на нашиот Старец, Епископот Климент, кој со зборови натопени од искуство говореше за „чудесниот плод на јудејската пустина“. Притоа, игуменот зрзески го круниса своето вдахновено слово со чудотворството на Свети Јован во Македонија, карактеризирајќи ја Бигорската Обител како негов плод.


























