Проф. д-р Ратомир Грозданоски - ВЕЛИГДЕН
Во почетокот на христијанството, уште веднаш почнало да се празнува Велигден. Тоа е првиот празник на христијаните. Најстариот празник. Почетниот празник. Но, во првите векови, немало ускладеност и еднообразност во празнувањето. Не го празнувале Велигден сите во исто време. Така било цели три века.