логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Она што го дава свештеникот, со ниедна пара на светот не може да се купи, оти го дава благословот и мирот Христов, но она што му се дава како надоместок му служи да може да ја извршува својата мисија, проповедтта за покајание и благата вест за Царството Божјо и спасителните тајни во Црквата за реализирање на тоа наше спасение во Христа, бесплатно ги добивме, бесплатно ги даваме. Сакаме ли мир, ајде да се измириме со Бога преку исповед, сакаме ли живот вечен, ајде да се причестуваме, сакаме ли единство со Бога, ајде да љубиме и да не осудуваме... бесплатно добивте, бесплатно давајте, ама кој сака да прими ќе прими Господи.

05.03.2015 год.

 

Господи Исусе Христе, помилуј не
Кога ни слушањето не е тоа што е во споредба со Таксеникот, кој има уши да слуша ќе чуе вели Христос, но денес ние сакаме да прислушнуваме и да озборуваме.
- КОЈ ЌЕ ГО СПОМНЕ АКО НЕ СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛОТ - ПРАВОСЛАВНИОТ И ХРИСТОЉУБИВ НАРОД, СИТЕ НАС И СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ, ктиторите, дарителите, помагателите и посетителите...болните, затворениците, сиромашните, сите кои просат од Бога помош, сите упокоени со надеж за Воскресение и живот вечен и сите Твои луѓе Господи Кој примаш БЛАГОДАРАМ од устата на свештенослужителот, па каков и кој и да е, и ни Го даваш Господи преку неговите раце Твоето Пречисто Тело и Крв како храна за прошка на гревовите и живот вечен, и ангелите пеат Свјат, Свјат, Свјат...и Пресветата Владичица топлло го слуша, а светителите ликуваат...а ние неблагодарно, рамнодушно и млако како Понтиј Пилат судиме и озборуваме како за Претечата Христов и за Христа, и велиме ненаситен и пијанца...,а ако не сака, сигурно бес има (Мт. 11,18-19)
„Молкум моли се за сите, за целата Црква, за свештенството, за монасите. Нашата Црква денес минува низ криза...биди вистински христијанин тогаш нема никого погрешно да го разбереш, туку твојата љубов ќе покрие сé...и кон иноверниот биди христијанин...треба да ја почитуваш туѓата слобода...„ - Св. Порфириј Кавсокаливиски


„Рамнодушните кои зависно од темепераментот рековме се или религиозни или атеисти, цело време укажуваат дека единица мерка за попот  е џип, и според таа мерка во однос на Црквата мерат и премеруваат, не прават разлика меѓу ѓакон, свештеник и епископ, монаси, клисари, псалти,професори, мирски лица вклучени во работата на Црквата, туку имаат сума, наречена попови, а да не зборуваме дека во османлискиот период точно и иноверните знаеле кој и што бил во Црквата. Раководени според единицата мерка која си ја патентирале го бројат само возниот парк на суво, па дури и на вода, а никако да ѕирнат во возниот парк на своите наработодавци (нардебодатели и работодавци)„- „За патриотските игри„..
П.С. Ве замолувам не штедете ниту на облека, ниту на јадење и пиење...штедете на благословот кој слободно барате да го примите. Сиромавите се секогаш покритие на оние што имаат, а не благодарат. Пак и пак за сите ќе се молиме во Црквата, оти Христос треба да го сведочиме.
Пресвета Богородице, спаси не.

 

Она што го дава свештеникот, со ништо, со ниедна пара на светот не може да се купи, оти го дава благословот и мирот Христов, но она што му се дава како надоместок му служи да може да ја извршува својата мисија, проповедтта за покајание и благата вест за Царството Божјо и спасителните тајни во Црквата за реализирање на тоа наше спасение во Христа, бесплатно ги добивме, бесплатно ги даваме. Сакаме ли мир, ајде да се измириме со Бога преку исповед, сакаме ли живот вечен, ајде да се причестуваме, сакаме ли единство со Бога, ајде да љубиме и да не осудуваме... бесплатно добивте, бесплатно давајте, ама кој сака да прими ќе прими Господи.

Со години наназад особено во последиве 10, вакви и слични теми се објавуваат за време на пост (иако Таксеникот е објаве две седмици пред постот) или кога треба да имаме било каков духовен напредок. Целта е однапред извесна, да се наруши угледот и спасоносното Христово дело на Црквата преку свештенослужителите и се знае по чие дело тие постапуваат, само ме чудат верниве кои го познале Бога преку духовно раководство, што милуваат да посрамат свештенослужител со своето повисоко знаење и предлози, тие полошо прават и од оние што објавуваат сваштарии за Црквата во пост со цел да осудат и се плеткаат во ѓаволската мрежа наместо да се молат за нас и за сите што го прекршуваме  Божјиот закон, а со тоа се хули името Божјо пред незнабошците (види Римјаните).

Лето Господово 2015



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

04/06/2025 - среда

Светиот маченик Василиск; Вториот Вселенски Собор; Светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски; +Светиот кнез Јован Владимир;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Тропар на ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – СПАСОВДЕН

Си се вознел во слава, Христе Боже наш, и си ги зарадувал учениците со ветувањето на Светиот Дух, а со...

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски  25 мај/ 12 мај 2025

Тропар на светиот слуга Христов Епифаниј Кипарски 25 мај/ 12 мај 2025

Ливан ја залеа со мириси, патеката на твојот живот,о голем столбу на православието, ревноста по Христа ја привлече благодатта,и со...

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски  учители 24/11 мај 2025

Тропар на светите рамноапостолни Методиј и Кирил словенски учители 24/11 мај 2025

Рамноапостолни  учители на словенските земји,богомудри Кириле и Методие,Владиката на сите молете Го,да ги утврди сите словенски народи

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная