Славната Еордија – радост за Струга
Еве веќе 10 години, возобновената Струшка Еордија е благовесничка на радост и насекаде низ нашата земја го испраќа, во вид на зраци, благословот на св. Георгиј. На верните, што во сѐ поголем број доаѓаат на ова чудесно духовно доживување, таа им го дава одново блесокот на Пасхалната радост. За Стружани, пак, е прекрасна можност сите да се сплотат во стремежот што подостоинствено да земат удел во ова торжество, кое ја осенува со благодат






Бог ни зборува постојано, многупати и на многу начини (Евр. 1,1). Бог зборува на луѓето преку сите негови дела во природата, во светот и во животот. Се што постои во светот сведочи за постоењето на Бога и сите созданија Го величаат Бога како свој Создател и тоа сите на свој начин. Бог исто така, секојдневно ни зборува преку устата на Неговите многубројни небесни гласници – ангели и архангели, кои на најразлични начини делуваат на човековите
Откако го израсна грижливо семето на Божјите заповеди на сиромасите им го раздели милостиво сето богатство, а на негово место ја стекна славата Христова, преславен маченику. Затоа, со сигурна надеж одиш на подвиг и долги измачувања, Георгие, и откако стана учесник во страдањата на Нестрадалниот и во Воскресението, земајќи удел во Царството небесно, за нас сега моли се.
Последен рок за пријавување е 16 МАЈ 2019 година. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош и контак телефон. За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ, по 13:00 часот, на телефон 070-582-588 или на e-mail:
Книги:
"Го посети авва Лот авва Јосиф и му рече: „Авво, според своите мали сили го вршам своето мало молитвено правило и својот малечок пост, и молитвата и изучувањето на Писмото и тихувањето, и колку што можам, ги чувам моите помисли чисти. Што уште да правам?“ А Старецот, кога стана, ги крена своите раце кон небото и прстите му станаа како десет огнени пламења. Па му рече: „Ако сакаш, сиот биди оган.“
Тeлeсниoт чoвeк сe управува спoрeд звукoт, а духoвниoт спoрeд смислата. За тeлeсниoт чoвeк насeкадe има прoтиврeчнoст, бидeјќи тoј сe плаши oд прeпрeки, бeга и oд сeнката, акo таа му сe причини какo прeпрeка. Духoвниoт чoвeк e какo витeз кoј сака да сoвладува прeпрeки. Зад духoвниoт чoвeк вo oвиe збoрoви сe криe цeлата наука за спасeниeтo. Кoга сум слаб, тoгаш сум силeн, т.e. кoга сум свeсeн за свoјата ништoжнoст и за сeмoќта Бoжја, тoгаш сум силeн.
Навистина, сомнежот е движечка сила на научната и истражувачката работа, но истиот тој сомнеж претставува голема пречка за црковниот живот, кој се темели врз верата, а не врз набљудувањето, експериментирањето и статистиката. Затоа Тома го добива истиот прекор што претходно го добива Марта, сестрата на Марија: „Марто, Марто, ти се грижиш и се трудиш за многу работи, но само едно е потребно“ (Лука 10,41-42).
Сeкoј вeрeн чoвeк, ангeлoт гo упатува на сeкoe дoбрo дeлo, дoдeка дeмoнитe навалуваат да ги сoблазнат вeрнитe и да ги лишат oд царствoтo нeбeснo…” Дeка ангeлитe сe близу дo луѓeтo и дeка тиe сe грижат за луѓeтo за тoа свeдoчи цeлoтo Свeтo писмo, а пoсeбнo Нoвиoт завeт. Oсвeн тoа, вo правoславната црква пoстoјат бeзбрoјни прeдавања на свeти мажи и жeни кoи свeдoчат за тoа, штo гo пoтврдува и св. Анастасиј.
Да знаете дека верниците не доаѓаат во манастирите поради нас, туку поради својата чиста вера дека во манастирите има повеќе вера и дека животот на монасите е повеќе побожен. Јас така мислам: дека Бог не ги држи манастирите поради нас монасите, бидејки сме грешни, туку ги држи поради верата на христољубивите верници.



Тоа е оној кој успеал да ја пронајде горчината сокриена во сладоста на светот и кој ја затворил својата уста за да не пие од таа чаша. Тоа е оној кој секогаш се занимава со спасението на својата душа и не го напушта тој пат сѐ додека не се ослободи од овој свет.Тоа е оној кој ја затвора вратата на своите сетила..
Браќа, да нe нè зарoби филoзoфијата, кoја, нагаѓајќи гoвoри дeка нeма вeчeн живoт ниту
Кога човек ја има Љубовта – Христос, дури и да е нем, ќе најде заеднички јазик со милијарди различни луѓе, од секоја возраст, макар и секоја од нив да си има свој засебен јазик на комуницирање. Стави еден до друг двајца луѓе кои не се сакаат и кажи им да седат молчејќи, и стави и други двајца кои имаат меѓусебна љубов и кажи им да седат и молчат. Како ќе се чувствуваат едните, а како другите? И првите молчат и вторите исто така.

























