"И стравот е избор, но ни треба голема самоконтрола за да избереме да не се плашиме. А, ова кој го може?
Некои нешта некогаш се реално опасни, но стравот е речиси секогаш избор. Попрво, сето тоа е прашање на тренинг и искуство. Не на паранојата!
Агресивноста покажува страв, а стравот е веќе пораз.
Сепак, животот си бара еден скок во празно со надеж дека притоа нечија невидлива рака ќе те прифати. Се плашиш? Седи си така...
Што треба да правиме во неизбежното друштво со демонот? Ништо од тоа што тој сака да мислиме, кажеме или направиме. Игнорирај го.
Смирението е главната заштита од демонските стапици. Испитај и види...
Почит кон сите. Страв ни од кого. И гледај си ја работата".
- Митрополит Струмички г. Наум
+++
"Човекот ти е чудно суштество – не знаеш кога како ќе реагира, дури и кога мислиш и се трудиш добро да му направиш. Пази, човек!
Ем шуто, ем боде, па не знаеш што да му правиш?
Зошто некои си мислат дека некој баш со нив мора да се консултира што ќе прави?
Обезличените тежнеат да го сочуваат обезличеното...
Пари има, луѓе нема.
Простотијата не оди по пустини и џунгли; оди по луѓе.
Што ти е човек, дај му јадење и пиење, и веќе заборавил зошто дошол.
Тенка е линијата помеѓу опуштен и распуштен.
Срамот си го бара пердето.
Човек кога не е сконцентриран – не знае што прави.
И на непознато куче, што доаѓа кај тебе да се гали, ако не му дадеш нешто да јаде – те напушта.
А камоли човек."
Дедо Наум