Едиција „Библиски настани“ бр. 11
Излезе од печат единаесетиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов Семоќниот Спасител , во кој е обработен третиот дел од трилогијата посветена на Господ Исус Христос.
Излезе од печат единаесетиот број од илустрираната едиција „Библиски Настани“, со работен наслов Семоќниот Спасител , во кој е обработен третиот дел од трилогијата посветена на Господ Исус Христос.
![]() |
![]() |
Кога човек ќе се поздрави со сѐ што е во светот: кога ќе се одрече од парите и од имотот, ќе ги отфрли и ќе им ги раздели на сиромашните (Лука 14, 33) ослободувајќи се така од грижите, тогаш душата е во состојба да се предаде на самонабљудување, како слободна од сѐ што ја привлекува однадвор и ја расејува. А кога умот, откако се одвоил од сѐ што е сетилно,...
Во салата при Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, во периодот од 13 до 16 октомври 2015 година, од 14:00 до 18:00 часот, професорите д-р Думитру Сорика и д-р Дорин Хандреа од Универзитетот во Букурешт - Романија, ќе одржат предавања и практични вежби од фреско сликарство, конзервација и реставрација на икони.
- 10. октомври (сабота), 18:30 часот: Вечерна;
- 11. октомври (недела, св. прор. Варух, преп. Харитон Исповедник), 07:30 часот Утрена; 09:00 часот: Света литургија;
- 13. октомври (вторник), 17:00 часот: Бдение (Вечерна и Утрена)
На 04.10.2015 година, во првата недела од месец Октомври, кога нашата помесна црква го празнува Соборот на сите Македонски Светии, во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, беше отслужена Света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитите Петар, Тимотеј, Агатангел, Иларион, Јосиф и Јосиф.
Св.Григориј Богослов (живеел во 4-ти век н.е.) додека бил Цариградски епископ го критикувале дека не личи на благородник. Неговиот коментар на тоа:
„Не знаев, - иронизира Григориј,- дека сум требал да јавам на расни коњи, да блескам во кочија, да приредувам состаноци и приеми со ласкање, сите да ми се тргаат од патот и оддалеку да се разбегаат како пред див sвер“.
Секој од нас сака да успее во овој живот, секој посакува зад себе да има успешна кариера, добро семејство, убаво воспитани деца, сигурна работа. Сите ние се трудиме добро да го осмислиме својот живот и да достигнеме успеси благодарение на нашиот ум и разум на сопствените сили и способности, без помош од Господа Бога и неговиот благослов. Но токму исклучувањето на Бога и Неговиот благослов...
Но токму исклучувањето на Бога и Неговиот благослов од нашите животни активности е причина за нашиот целосен неуспех. Ние успехот го немаме, бидејќи не го бараме на вистинското место. Во контекст на ова, светиот апостол Јаков говори „ Посакувате и немате, а немате бидејќи не молите. Просите, а не добивате, оти зло барате, за да го трошите во вашите похоти ,,(Јак. 4.. 2-3)
На оние коишто без колебање се подвизуваат во Господа, Господ не им допушта никогаш наполно да пропаднат, туку гледајќи ги изнемоштени, им содејствува и им помага, пружајќи им ја одозгора раката на Својата сила и возведувајќи ги кон Себе. И им содејствува понекогаш јавно а понекогаш тајно, знајно и незнајно, сѐ додека тие, откако ќе ја минат целата лествица...
Со вистинските проблеми на современата младина се занимаваат многу науки. Црквата и свештенството, кои учествуваат во воспитувањето на младината, се должни да го откријат младото поколение како исклучително важен фактор не само за општеството, државите, но и за Црквата. Да се воспита благочестива, добродетелна и одговорна личност е приоритет на христијанската педагогика.
...па и со тоа што секоја своја мисла ќе ја воздигне над какво и да е кудење и обвинување на кој било човек, како и над секое натпреварување (...), со тоа што сам и во осаменост ќе се бави само со својата работа и нема да се грижи за ништо друго на светов, освен за самиот себеси.
Накусо: туѓинување (оддалеченост од светот), сиромаштија и живот во осаменост – ете од што се раѓа смирението и што го очистува срцето.
Бoг нe дoзвoлува пoтсмeвањe. Пoтсмeвачитe Бoг или ги казнува за да ги пoправи или ги oбраќа вo oнакви на какви штo им сe пoтсмeваат. Св. Пoрфириј првo сe прoславил мeѓу
нeзнабoжцитe какo пoтсмeвач на христијанствoтo. Eднаш тoј сe пoтсмeвал на христијанската тајна крштeниe прeд царoт Јулијан Oтстапник и нeгoвата придружба.
Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.
Кој верува дека во рацете на неговиот духовен отец се наоѓа неговиот живот и неговата смрт никогаш нема да му противречи на својот пастир. Незнаењето за истото раѓа противење што ја предизвикува духовната и вечна смрт.
На 26 септември 2015 година, во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Панихида за сите православни христијани кои го положиле животот во одбрана на верата и татковината.
Бог да ги прости и вечен да им биде споменот!
Кoга бил гoтoв крстoт, патрицијoт гo измeрил крстoт и видeл дeка тoј e пoтeжoк oд oна златo штo му гo дал на младиoт златар. Вeднаш пoчнал да гo кара златарoт
нарeкувајќи гo крадeц и вeлeјќи му дeка сигурнo му скрил oд нeгoвoтo златo намeстo златo му ставил нeкакoв друг тeжoк мeтал. Кoга мoмчeтo гo видeлo разлутeниoт патрициј, тoгаш тoа му гo испoвeдалo свoeтo дeлo.
На 21.09.2015 година, кога го празнуваме раѓањето на Пресветата Богородица од неплодните, праведни Јоаким и Ана, во манастирот Успение на Пресвета Богородица – Трескавец, беше отслужена Божествена Литургија.На литургијата богослужеше архимандритот Никола (Трајковски).
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан благоволи да служи Литургија во ставропигијалниот манастир Рождество на Пресвета Богородица во с. Калишта, Струга. Верниот народ, кој го имаше и од соседните држави, но и луѓе од друга вероисповед постојано доаѓаше да се поклони пред чудотворната икона на Мајката Божја, која оваа света обител ја чува уште од 14 век.
Нашиот копнеж за средба со Воскреснатиот Господ и учеството во следење на Неговaта победа започнува од првиот ден во седмицата – понеделникот. Како што поминуваат деновите од седмицата, ние живееме со сеќавањето на изминатиот неделен ден, на изминатата мала Пасха, и во исчекување на денот недела што следува, во кој повторно ќе го живееме надминувањето на сопствената смрт и прeображението на својот сопствен живот во просторот на Царството Божјо.
Севкупниот живот на овој избран сад Божји е невообичаен. Таа го добива името Марија, што значи испросена, односно, измолена од Бога. Нејзините родители, праведните Јоаким и Ана, ја раѓаат во стари години. Во години, кога според сите биолошки законитости, тие не можеле да имаат пород. Но, кога сака Бог ги победува природните законитости.