Свети Игнатиј Брјанчанинов: Поука на денот

"Плодови на вистинската молитва: светол мир во душата, соединет со тивка, молчалива радост, туѓа на мечтаењето, суетата и разгорени пориви и движења; љубов кон ближните, која не ги одделува во себе добрите од злите… но се застапува за сите пред Бога, како за себеси."




Црковниот хор на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ учествуваше на 20-от по ред интернационален хорски фестивал во Карпениси Грција. Овој фестивал, кој опфаќа повеќе категории на хорско пеење, 14 години има и натпреварувачки карактер, па така нашиот хор во категорија православна духовна музика, во конкуренција на хорови од Романија, Израел, Кипар и Грција го освои првото место...




































