Божествена Литургија во храмот на св.пророк Илија (26.02.2016)
Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја.
Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.
Кога ќе се очисти садот на душата, тогаш сам по себе ќе биде исполнет од благодатта Божја.
Од послушанието се раѓа молитвата, а од молитвата – теологијата.
Добро е, колку што можеш да ги одбегнуваш тие собирања, како и љубопитноста, бидејќи така ќе собираш талог од помисли, а потоа многу ќе се замориш за да ги изгониш. Секогаш да носиме добри мисли и да не примаме лукави телеграми, ако сакаме да се очисти нашето срце и лукавите механизми на нашата фабрика (срцето) да се претворат во добри механизми.
Достапен е за преземање првиот инфографик од серијата материјали поврзани со Великиот пост: Подготвителни недели пред Великиот пост. Инфографикот е наменет пред сè за оние кои за прв пат ќе го прифатат подвигот на постот во Четириесетницата, но и како потсетник за останатите.
На 21. 02. 2016 година, Недела на митарот и фарисејот, Св. пр. Захариј, св. вмч. Теодор Стратилат, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во храмот „Св. пр. Илија“ во с. Блатец - виничко, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, одража содражајна беседа...
На 24 февруари 2016 година, кога Црквата го слави споменот на свети Ѓорѓи Кратовски, во храмот на свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, отслужи света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Во Неделата на Митарот и Фарисејот, кога Светата православна црква ги чествува и Светиот пророк Захариј и Светиот маченик Теодор Стратилат, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе клирици на епархијата, отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Св. Вознесение Христово“ во Гевгелија.
За време на молитвата, особено пред молитвата, во своето послушание, чувај се од непотребни разговори, за да можеш подоцна да се молиш нерасеан и неповреден, бидејќи многуте зборови предизвикуваат и многу недоразбирања. Ако сакаш да зборуваш, Христос со радост сака да Му се обраќаат Неговите деца низ молитвата.
„Страдалнику Харалампие, ти се покажа како столб на Црквата, неизгаслив светилник на вселената и, откако болсна посветло од сонцето, ја прогонуваш идолската темнина; славен маченику, моли Го Христа Бога, да ни дарува милост голема“ (седален на Утрена на свети маченик Харалампиј).
Прeдавникoт Јуда бил малoдушeн и нeискусeн вo бoрбата, па затoа ѓавoлoт, глeдајќи гo вo oчајувањe, гo нападнал и гo принудил да сe удави. А Пeтар, тврдиoт камeн, паѓајќи вo гoлeм грeв, какo искусeн вo бoрбата, нe oчајувал и нe гo изгубил присуствoтo на духoт, нo прoлeал гoрчливи сoлзи oд тoплoтo срцe. Кoга гo видeл тoа ѓавoлoт, пoбeгнал oд нeгo какo oд oган oпeчeн”.
Со преклонети колена стоиме пред Вашиот пастирски жезол, кој Ви е даден да го пастирствувате довереното Ви стадо Христово, што со години го водите низ тесниот и трнлив пат, несебично и бескрајно пожртвувано принесувајќи се себеси Вашите духовни чеда. Со смирение, трпение и љубов Вие надминувате секаква препрека, примајќи ги на себе сите удари и болки,
Како и сè друго што е премудро востановено во светата православна Црква, такво е и прекрасното предание да ги позајмуваме имињата на Светиите, кои преку благодатта Божја стануваат наши застапници пред Бога. Тој, возљубениот наш Бог, им дава таква слобода, така што тие реално и благотворно дејствуваат во нашите животи,...
Од наше искуство знаеме дека, кога еден човек оди во темнина се сопнува, паѓа, наидува на препреки и отстапува од посакуваната патека. Така се случува и со човек кој ќе се оддаде на своите лични телесни или духовни страсти. Почнува да се управува според сопствените слабости и наклоности, па
Денот кога Бигорската Обител со свештена почит го слави споменот на преподобниот Партениј Лампсакиски, чиешто име нашиот Старец, Архимандрит Партениј, го носи, е ден кога голем дел од духовните чеда се собираат во Манастирот за да бидат со својот духовен татко. Доаѓаат за да ја споделат..
И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сè што ти е потребно за твоето спасение.
Монасите не се ниту мрзливци, ниту индивидуалци, ниту неуспешни луѓе, туку своеволно се откажуваат од световниот успех, за да успеат духовно. Значи монасите се добрите момчиња од Евангелието, коишто кога ги повикува Христос, не ги примамува ниту богатството, ниту младоста нивна, туку се жртвуваат и Го следат Христа со Крстот.
На 15.02.2016, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше на Божествена Архиерејска литургија во црквата Свети Архангел Михаил, во населба Автокоманда. По завршувањето на евхаристискиот собор беше положен камен темелник за изградба на нова црква, посветена на Сретение Господово, во населба Железара.
Бeз Бoжјиoт Дух чoвeкoт e испoлнeт сo грижи кадe и какo ќe oди. А сo Духoт Бoжји чoвeкoт e бeз тиe грижи.Бидeјќи тoгаш самиoт Дух гo упатува чoвeкoт кадe да oди и какo ќe дeлува, чoвeкoт пoстанува нeпoгрeшeн вo свoeтo движeњe и дeлувањe затoа штo e нeпoгрeшeн Духoт кoј гo вoди иракoвoди. Нe мoжe ни правo да oди и ни правo да дeлува,
На 15 февруари 2016 година, кога Црквата го прославува Сретението Господово, Неговото високопреосвештенство митрополитот Европски г.Пимен во сослужение со Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово.
Почитувани браќа и сестри во ХРИСТА, Во прилог следи понудата за посета на Манастирот СВ. ВАСИЛИЈ ОСТРОШКИ, СВ. ПЕТАР ЦЕТИЊСКИ И СВ. СИМЕОН ДАЈБАБСКИ. Поради добрата соработка и почитување на Агенцијата Брацо и Манастирот, сместувањето и спиењето е во Горниот Манастир и истото е БЕСПЛАТНО. Цената на aранжманот е навистина достапна.
Затоа, ниеден грешник не треба никогаш да се обезнадежи. Доволно е само да се покае, бидејќи неговите гревови се помалку од оние на ѓаволот. Човекот има и олеснителни околности бидејќи е направен од земја, а од невнимание може да се лизне и да падне во калта. Немаме оправдание, ако не сакаме да се покаеме и да се исповедаме, и сакаме да останеме во калта.