Поуки (08.11.2015)
Секоја човечка душа е пустина и пекол, додека во неа не влезе Господ Христос.
Литургијата е чудесен дар од Исус Христос. Литургијата е мост преку кој може да се премине во вечниот живот. Запаметете, тое е завет од Господ!
Секоја човечка душа е пустина и пекол, додека во неа не влезе Господ Христос.
Литургијата е чудесен дар од Исус Христос. Литургијата е мост преку кој може да се премине во вечниот живот. Запаметете, тое е завет од Господ!
Литургијата е чудесен дар од Исус Христос. Литургијата е мост преку кој може да се премине во вечниот живот. Запаметете, тое е завет од Господ!
Св. Јован Златоуст вели дека Божествената Литургија навистина е голем и чудесен дар; Божјите ангели ни завидуваат нам, луѓето, на кои им е дадена среќата – примање на Божјите Тело и Крв.
Љубовта доаѓа во срцето постепено, имено преку добрите дела. Кога им правиме добро на луѓето, престануваме да бидеме рамнодушни кон нив, далечината меѓу нас се намалува – и тие ни стануваат ближни. И колку повеќе им правиме добри дела, толку е посилна љубовта во нашето срце, затоа што нема друг начин или друга можност да растеме во љубовта.
Целиот свет најде во тебе заштитник, страдалнику, кој ги победуваш незнабошците. И, како што си ја победил горделивоста Лиева, и за борба си го охрабрил Нестора, така свети Димитрие, моли се на Христа Бога, да ни дарува милост голема.
На 08.11.2015 година, кога го празнуваме споменот на светиот великомаченик Димитриј, патрониот празник на соборниот храм на нашата епархија и големиот заштитник на градот Битола, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Божествена Литургија во истоимениот храм „Свети Димитриј“, во Битола.
Може ли да се надеваме на светот? Кому тој не му ласкал? Кого не го излажал? Тој ветува многу, но дава многу малку. Само оние кои се надеваат на Господа, по зборовите на светиот Давид, нема да погрешат, то ест, нема да се излажат во својата надеж!
На 1 ноември 2015г., во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога Црквата го празнува споменот на светиот Прохор Пчињски, во истоимената црква во Пјаченца (Италијанска Република) Неговото Високопреосвештенство, европскиот Митрополит г. Пимен, во сослужение на Високопреосветениот кумановско-осоговски Митрополит г. д-р Јосиф отслужи Архиерејска Божествена Литургија.
Во моментот кога се чувствуваме лошо, нешто сме заборавиле. Добро е да се потсетиме на тоа нешто. Затоа постојано служиме света Литургија, затоа постојано читаме, затоа се молиме постојано, затоа за време на светата Литургија свештениците велат: “пак и пак…“, повторно и повторно. Зошто? Бидејќи сум човек. Како што велат некои – убаво ги...
По повод празникот на свети великомаченик Димитриј, во сабота (07.ноември) ќе се отслужи Вечерна богослужба со почеток од 17:30 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско - пелагониски и администратор Австралиско - новозеландски г. Петар.
По повод празникот на свети великомаченик Димитриј, во сабота (07.ноември) ќе се отслужи Вечерна богослужба со почеток од 17:00 часот.
Во недела (08. ноември), Божествената Литургија ќе започне во 09:00 часот.
Не може да се најдат утешни зборови за ближните и роднините на починатите. Постои само молитва, и имено таа – сега е попотребна од било какви зборови. Сите ние сме поврзани еден со друг со врски. Роднински, другарски, врски од заеднички град или заедничка земја. Сите ние сме луѓе, и веќе само тоа ја означува нашата блискост, еден со друг.
По молитвите на Св. Прохор, Господ да му дарува здравје и духовни сили на отец Гаврил уште многу години да го просветува и насочува кон Бога верниот народ.
Благодарност за сета љубов и труд и нека е честита славата на манастирот Св. Прохор Пчински - Донибрук, во кој вложивте децениска грижа...!
„Прeкраснo ги ракoвoди милoсрдниoт Бoг oниe кoи ќe сe прeдадат на Нeгoвата свeта вoлја и на Нeгoвo старатeлствo. Какo штo свeќарoт oд мeк вoсoк прави oнакви свeќи какви штo тoј сака, така и прeмудриoт Бoг прави oд Свoитe вeрни слуги, прави бeсмртни свeтила вo нeбeснoтo царствo.“
Неизброен е бројот на светиите, запишани во диптихот, но и незапишани, кои светата Црква, научена од Светиот Дух, ги прославува, а преку нив Го велича и Троичниот Бог. Многумина останале и по долго време непрославени, но никогаш не биле заборавени од светата Црква Христова, а и Самиот Бог ги воздигнувал и возвеличувал на разни начини.
Ако сакаш да го пронајдеш патот што води кон животот, тоа барај го во оној Пат, Кој Сам за Себе вели: Јас сум патот, вистината и животот (Јн. 14, 6), и таму ќе го пронајдеш. Но, барај го со голем напор, зашто малкумина го наоѓаат (Мат. 7, 14); во спротивно, ќе отпаднеш од тие малкумина, и ќе бидеш во мнозинството.
Како што телото, умирајќи се одделува од сè што е живо така и умот, умирајќи во дејствието на совршената молитва, се отсекува од сите светски мисли. Зашто ако не умре со таква смрт, тој не може да биде со Бога и да живее со Него.
И така, ако сакаш да ја одржиш победата над страстите, пребивај во молитва и со содејство на Бога внатре во себе, слези во длабочината на срцето и таму проследи ги следниве три силни дивови: заборавноста, мрзеливоста и незнаењето. Тие се потпора на вознемирувањата на мислите, преку нив навлегуваат другите зли страсти, се враќаат, дејствуваат, живеат и крепат во душите на сластољубивите
На 01.11. 20015 година, во 12ч. во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, ќе се организира групно венчавање. По тој повод се повикуваат сите верници кои имаат желба, а досега немале можност, да се венчаат во црква да се пријават лично во самиот храм кај парохиските свештеници или на бројот 02 3227-165.
Раздразнителноста или лутината, е една од трите дела на душата. Дадена ни е не за да се гневиме на ближните, туку за да имаме ревност против гревот. А кога сме јадосани на ближните, ние го правиме тоа спротивно од намената на природата. Раздразнителноста во нас добива сила од гордоста.