логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  01.jpg

Сеноќна акатистна молитва кон Богородица

16 април 2016 лето Господово

02.jpg

Радувај се, на Судијата праведен умоление. Радувај се, на многуте согрешенија простување. Радувај се, на бедните ризо на дерзновение. Радувај се, љубов што го победува секое желание... Радувај се, Ти си цврст столб на Црквата; радувај се, Ти си неразрушлив бедем на државата! Радувај се, со Тебе победните знамиња се возвисуваат. Радувај се, со Тебе непријателите се уништуваат... Радувај се Невесто Неневестна!

Извадок од Акатистот на Богомајката

Ретко кое друго црковно песнопение може да направи така силно да трепери срцето во умиление, толку голема сладост да ја исполни душата, толку моќно да бликне молитвата, толку брзо да се разбуди верата во непрестајното застапништво, надежта за прошка и помилување и љубовта поттикната од нашата небесна и најпожртвувана Мајка, како што тоа го прави Акатистната пофалба кон Богомајката Пречиста. Зашто никој друг, туку самата наша Мајка на милосрдието, најпрославената и највоспеана, пренепорочната Богородица, Која е повисока од сите твари, гледајќи дека на лицето на земјата се разгорува огнот на непријателство меѓу народите и пламнува злоба, со преклонети колена умилно моли и посредува пред Пресвета Троица за Бог да ги скроти и смири завојуваните, за Он да се сожали и да ги вразуми народите, да ја спречи пропаста на безброј невини жртви. Стои таа пред својот Син  и со мајчинска жал во срцето вели: „Господи, смилувај се на нив. Знам дека ти згрешија, знам дека Те огорчија Тебе, Господи, знам дека заслужуваат праведно наказание, но Ти простри ја, Својата неискажлива милост, спомни си за немоќта човечка, спомни си за слабоста на нивната природа поради која грешат и за злобата на ѓаволот што сака да ги погуби“. И тогаш слегува на нас милоста на Спасителот, и Он одново испраќа од небото благодатен дожд, кој ги одгонува далеку мрачните облаци на непријателството и благословен мир слегува на земјата. Во сите наши најголеми маки и искушенија милостивиот наш Бог, Кој не се гневи до крај, ни подари непосрамена надеж и непрестајно непроменливо застапништво, давајќи ни ја Својата Пречиста Мајка, која од Крстот ја довери на Својот возљубен ученик и богослов и ја направи Мајка на целиот човечки род. Не само одредени луѓе во своите лични испитанија, туку и цели народи и земји го чуваат споменот за прекрасните чудеса од застапништвото на Богомајката, во миговите кога веќе немоќна била секаква човечка помош да се спречи погибелта.

Ете токму во спомен на едно такво чудесно собитие, Бигорската света Обител ги собра во своите прегратки, како во најнежни прегратки на Пресвета Богородица, сите присутни кои љубовта и почитта кон онаа која секојдневно нѐ закрилува, ги донесе на ова сеноќно молитвено славословие во нејзина пофалба и чест. И навистина токму сега е мигот молитвено да го упатиме својот поглед кон Богородица, просејќи од неа мајчински да ги заштити своите деца кои се во опасност, бидејќи се чини дека на нашиот народ, како никогаш до сега, му е потребна нејзината помош. Потребно ни е нејзиното кротко посредување за мир, во овие тешки времиња кога гласот на вечноста веќе не се слуша, кога шумот на големите цивилизации и политички превирања, шумот на самиот современ живот со сета своја суета го заглушува тој глас.

Деновиве ги преживуваме можеби најголемите искушенија досега – и ние како поединци, и нашата земја, и самата наша Црква. Затоа оваа ноќ, верните срца ги обедини една искрена усрдна молитва кон нашата најусрдна застапничка, за таа да помогне да се избегне насилството, нашите одговорни државни и партиски чинители да ги стават на прво место интересите на Татковината и народот, и да направат сѐ што е според нивните сили непријателството и омразата да се оддалечат, да преовладее благоразумието и братољубието, да се скршат сите непријателски планови за разнебитување на оваа наша света земја, и сите оние во чиишто раце денес се наоѓа нејзината иднина да го слушнат скромниот апел, изречен од монашките заедници и Светиот Синод, и да најдат мирно решение за оваа длабока криза која се заканува да ја фрли државата во војна.

О севоспеана Мајко, Родителке на Словото, посвето од сите Светии! Примајќи го приносот сегашен од секоја напаст избави нѐ, и од секоја идна мака сочувај нѐ, нас што Ти воспеваме:

Алилуја!

Нека Пречистата Богомајка го слушне овој молитвен крик и Го смилостиви кон нас својот Син и Бог, за уште малку да нѐ потрпи, да ја сочува Татковината и Црквата наша, а на луѓето да им подари покајание, приведувајќи ги кон спасение.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

14/07/2024 - недела

Св. бесребреници Козма и Дамјан; Преп. патрициј Петар; Св. маченик Потит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная