логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 11.jpg

Владеење преку служење на другите

4/17 април 2016 лето Господово,
Петта недела од Чесниот Пост. Недела на Св. Марија Египетска

01.jpg

Пловејќи по покајничкото и умилително море на Светата Чeтириесетница, веќе допловуваме до неговите најголеми длабочини, каде се скриени најголемите тајни за нашето спасение – самите спасителни Христови страдања. Но пред да се нурнеме во тие страшни длабочини, нашата Црква како нежна мајка, се грижи да не влеземе таму сосема неподготвени, па затоа, една недела пред почеток на тие преголеми собитија, уште еднаш нè повикува на подготовка, преку покајание и смирение. Овој пат како пример за коренито и вистинско покајание ни ја предочува преподобната мајка наша Марија Египетска, која од најголема грешница, преку подвиг и преобразувачко покајание, стана голема молитвеничка за грешниот род човечки. А како образ на смирение, повторно ни Го предлага Самиот наш Спасител Господ Исус Христос, Кој не дојде за да Му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина. И токму за овој единствен Образ на крајно смирение беседеше нашиот Старец, Архимандрит Партениј, во својата вдахновена беседа, со која ги отвори пред нас хоризонтите на Христовата наука за служењето.

02.jpg

Слово на Неговото Високопреподобие, Архимандрит Партениј, за Петтата недела од Чесниот Пост, изговорено во манастирската трпезарија (4/17 арпил 2016 л.Г.)

„Ете, мили мои, ги изминуваме полека деновите на Светата Четириесетница, приближувајќи се, со Божја помош, кон нејзиниот крај и кон предверието на Светата Пасха – Страдалната Седмица. А тоа предверие започнува вечерта на Цветници, и трае до Светата и Велика Сабота. Во тие исклучителни и најсвети денови ние ќе правиме блажен спомен на светите и спасителни Страдања Господови, и преку благодатта што Црквата Божја ја поседува, на богослужбите нив таинствено ќе ги доживуваме.

Токму затоа, една недела пред почетокот на тоа таинствено воспоминание, Светите Отци решиле повторно да ни напомнат за значењето на деновите што настапуваат, будејќи нè со силните зборови од денешното евангелско зачало. Слушнавме денес, имено, како нашиот Спасител Господ Исус Христос, искачувајќи се кон Ерусалим да ја прослави Својата последна Пасха, уште еднаш целосно им ја открива на Своите ученици големата тајна што претстои: дека Он ќе биде фатен, исмеан, биен, исплукан, распнат, дека ќе умре на Крстот и на третиот ден ќе воскресне. Замислете, Бог, Кој сè создал, сè поседува и со сè владее, се понижи, да се смири, испразни Себеси до таа мера, што се облече во облека на слуга, прими човечко тело, се роди во најбедна пештера, поживеа како слуга на сите и накрај, според зборовите на епископот Охридски, Николај Велимировиќ, стана „плукната играчка“ на овој свет, плукната играчка на Своето создание. Ќе можеме ли некогаш да го сфатиме тоа крајно смирение што Господ го покажа токму заради нас!? Навистина мислам дека човечкиот разум никогаш не ќе може во целост да проникне во тоа чудесно Божјо човекољубие. Но, иако не можеме во потполност да го разбереме, да се потрудиме да извлечеме барем една мала поука од сето тоа, да се поучиме од Христовиот пример. Зашто нашето паднато битие, нашата световна логика, нашата огревовена природа страсно си го бара само своето, наместо она што е од општа полза на сите. Такви сме ние луѓето, секогаш се ставаме себеси пред другите. Исто како што постапија денес Заведеевите синови, Апостолите Јаков и Јован. Не обрнувајќи внимание на Господовите зборови за претстојните страдања, тие, засегнати само со своето идно местоположение, горделиво, па дури и заповеднички Му рекоа на Христа: Учителе, сакаме да ни направиш она, што ќе побараме (Мк.10:35). Гледајте, тие не се ни запрашаа дали воопшто би можело да се исполни тоа што ќе го побараат, дали Учителот ќе сака, дали, на крајот на краиштата, тоа би било добро и полезно за нив и за нивната заедница, туку само грубо рекоа: сакаме да ни направиш она... Кроткиот Господ, пак, смирено ги праша: Што сакате да ви направам? А тие Му одговорија: „Дај ни да седнеме до Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во славата Твоја” (Мк.10:36-37). Мислејќи, како и другите во тоа време, дека Месијата ќе биде Спасител само на Евреите, Кој ќе ги победи жестоките Римјани и ќе формира некакво хегемонистичко земно еврејско царство што ќе владее над сите други, тие побараа да бидат највисоки чиновници во тоа царство, управници со најголема власт, први министри веднаш после царот. Луѓето во своето несмирение секогаш бараат земна слава и власт. А Господ смирено им одговори: Не знаете што барате.  И веднаш ги праша: Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштавањето, со кое се крштавам Јас?” Тие одговорија: „Можеме”. А Исус им рече: „Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите (Мк.10:38-39). Го кажа тоа за да им посведочи дека и тие ќе понесат маченички крст и дека ќе пострадаат за Вистината, а потоа веднаш ги смирува, додавајќи: но, да позволам да се седи од Мојата десна или лева страна, не зависи од Мене; тоа е за оние, за кои е приготвено (Мк.10:40). Со тоа сака да им каже дека седењето до Него, во Неговата слава, не зависи сам0 од Него, туку и од нивните дела. Само ако Апостолите се смират до крај, појдат по Неговиот пат на смирението, се подвизуваат во добродетелите, се предадат пожртвувано себеси за другите, само тогаш ќе можат да станат вистински следбеници Негови, и накрај да се овенчаат со слава. И навистина, Апостолите го разбрале тоа дури после Воскресението, особено после слегувањето на Светиот Дух врз нив на Педесетницата, се смириле себеси како нивниот Учител, и тргнале по Неговиот страдален пат. Од Делата Апостолски, од нивните житија и од Светото Предание, ние дознаваме дека сите Апостоли претрпеле многу страдања заради Христа и сите тие загинале со маченичка смрт, последувајќи Го Својот Спасител, со исклучок на Св. Јован Богослов, кој иако бил многу измачуван, ги преживеал сите страдања и на необичен начин преминал во Царството на својот возљубен Учител. Господ од сите нас го бара тоа; преку Заведеевите синови Он на сите нас ни се обраќа со зборовите: не знаете што барате. Сака да ни каже: „Барајте го најнапред смирението“. Малку пред овој настан со Апостолите Јаков и Јован, Христос ги изговорил знаменитите зборови дека мнозина први ќе бидат последни, а последните – први (Мк.10:31). Ова е премудра поука за оние кои сакаат да влезат не во некакво земно царство, туку во Царството на вечната радост и љубов, во Царството Божјо. Господ Исус сега го открива духот на Неговото Царство во сета негова светлина и полнота, велејќи им на учениците: Знаете дека оние, што се сметаат кнезови народни, господарат над нив, и управниците управуваат над нив. Но меѓу вас нека не биде така; а кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга; и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб на сите (Мк.10:42-44). Христос востановува ново законодавство, воведува нов начин на регулирање на заемните односи и нови принципи за власта; ги објавува законите што владеат во Неговото Царство, закони што би требало да бидат последувани и овде на земјата, односно спроведувани и во земното царство. И бидејќи ова не е лесно да се сфати, Он им покажува на своите ученици пример: Зашто и Синот Човечки не дојде за да Му служат, но да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина (Мк.10:45).

Благодарение на Бога, во долгиот тек на христијанската историја, ние навистина среќаваме такви општества кои во голема мера го оствариле овој евангелски идеал, општества во кои првите им служеле на сите. Доволно е само да се потсетиме на светите благоверни цареви и кнезови, кои до ден денес ги прославуваме и им се молиме, бидејќи тие добиле слобода да се застапуваат за нас пред Господа: Светите Константин и Елена, Теодосиј и Јустинијан Велики, Маркијан и Пулхерија, Ирина и Теодора, и останатите свети и праведни ромејски василевси; никејскиот цар Јован III Ватац, наречен и милостив; потоа нашиот светиот цар Борис-Михаил Покрстител, српските кралеви, и сите свети словенски цареви и владетели, во кои спаѓаат и кнезот Владимир Киевски, Покрстител на Света Рус, прекрасниот Св. Александар Невски, па сè до последниот свет цар Николај ΙΙ Романов. Сите тие ја примиле и усвоиле во себе оваа поука на Христос и го облагородиле нивното општество со преубавото Христово учење за братското служење еден на друг. Се потрудиле и во голема мера успеале да ги сообразат државните со Божествените закони и да го доближат општеството до евангелскиот образец. Овие цареви, кнезови и владетели сфатиле дека треба да се молат, да плачат, предано да се жртвуваат за својот народ, токму како што направи Царот Небесен, Кој дојде преку служење да го спаси светот, а најсветлиот врв на Неговото служење беше во тоа што Он се принесе Себеси како измирителна и искупителна жртва за родот човечки. Со тоа Он, Кој единствен по суштина е Светлина, стана Светилник за сите луѓе, подобно на светилникот што во ноќта ги насочува бродовите по морето. Замислете си колку би било опасно темното море среде најцрниот мрак, доколку бродовите би го немале на видик светилникот! Но светилникот е тука и единствено тогаш кога кормиларот се насочува според него, нема опасност бродот да се насука на некоја карпа и да потоне. Така и секој човек кој со смирение го насочил својот поглед кон Христос Спасителот, ќе успее да се спаси од темното житејско море во овој мрачен свет и нема да биде потопен од гревовите и од своите лични страсти и грешни барања. Луѓето, борејќи се за своите властољубиви и сластољубиви желби, заприлегаат на бродови без светилник, и самите се осудуваат на пропаст. Па и сите тие големи христијански општества, кои, би рекле, биле најславни на земјата додека Го последувале Христа, завршиле со срамна пропаст тогаш кога го напуштиле евангелскиот принцип за служење на ближните во љубов и смирение и се оддале на страста за владеење.

Денес нашата Македонија, за жал, се наоѓа во еден трагичен стадиум кога борбата за власт го заглушува евангелскиот повик за меѓусебно зближување и служење еден на друг. Среде овие свети денови на Великиот и Чесен Пост, кога Господ нè повикува на скрушеност, на покајание, на простување, на љубов и смирение, гледаме една сурова и безобѕирна борба за власт и првенство, борба од која страда секој сегмент на нашето општество, страда секоја душа човечка. Си спомнува ли некој од тие острастени властољупци за Оној во Чие име се крстил? Ние многупати ќе слушнеме за нашето општество дека е христијанско општество: повеќето се нарекуваат Христијани и веројатно, веруваат во Бога. Но каде е сега нивната вера? Тие Го заборавиле Христос и по секоја цена се борат за земна власт. Доколку оние што се на власт и оние што по секоја цена се стремат да дојдат до неа си спомнуваат за Неговите Божествени заповеди и се трудат да ги усвојат и применат во овој свет, тогаш сигурно ќе бидеме поспокојни и порадосни, а и власта, како и целото општество ќе бидат преблагословени. Тогаш навистина ќе има онаква служба каква што сака Христос. Некои од политичарите, помнам, и преку јавните медиуми ни го честитаа почетокот на постите. А сега, гледајте во каков хаос е доведена државата и тоа токму во Постот! Тоа е така затоа што оние кои се одговорни размислуваат само световно, според паднатиот светоглед на човечка природа, како што размислуваа денес, во евангелскиот расказ, двајцата Заведееви синови. Но, не беа тие единствените кои така размислуваа, туку такви беа и останатите Апостоли, а ништо поинакви не сме и сите ние. Во Евангелието денес имаше еден мал детаљ, кој многу ни кажува. Имено, кога Јаков и Јован го побарале од Христа тоа што го побарале, останатите Апостоли многу се вознемириле: Десетте, пак, штом го чуа тоа, негодуваа против Јакова и Јована (Мк.10:41). Не покажува ли ова сведоштво дека и во нив имало желба за првенство? Не се крие ли во длабочината на овој протест побуна на стариот човек, кој дејствува во сите нас? Затоа да се потрудиме прво ние, почнувајќи секој од себе, да размислуваме како нашиот Спасител, да ја усвоиме Неговата Божествена логика. Да се предадеме за другите, да им бидеме слуги на другите во смирение, слуги во доброто и спасението. Тогаш сигурно ќе се подобрат и тие кон кои сега  јас, можеби, упатив добронамерна опомена. А уверен сум дека јас сум првиот кој, заслужува прекор, бидејќи не сум доволно одговорен за својот призив и недоволно се трудам да им послужам на сите.

Но, да се трудиме да си служиме едни на други во љубов, бидејќи Господ тоа од нас и го бара. Само така ќе можеме да го поправиме овој свет, бидејќи знаеме дека Он дојде и го поправи светот. Дојде и положи темел за нов свет на љубовта, даде нови закони, не човечки - закони на џунглата, каде што посилните ги газат послабите, туку закони Божествени, според кои прв ќе биде оној што ќе им послужи на сите.

Бидејќи веќе завршува Светата Четириесетница, да се преиспитаме самите во себе и пред Бога како сме ја поминале оваа богодарувана духовна пролет. Доколку, пак, некој не ја ни започнал, нека не очајува, туку охрабрен од Божјото милосрдие и долготрпение нека се потруди во покајание барем сега, на крајот, и од Бога ќе добие еднаква награда. Зашто гледаме од Евангелието дека Он и на оние кои се потрудиле дури во единаесеттиот час им даде иста плата како и на оние кои излегле да работат уште од првиот час (Сп. Мт.20:1-16). Така и оние кои ќе се потрудат да постат и да се поправаат сега на крајот, Бог ќе им даде еднаква награда, доколку имаат вистинско покајание.

Поучени од Евангелското слово во оваа Петта, претпоследна недела од Чесниот Пост, да созерцаваме за неискажливото и несфатливо смирение на благиот и смирен Господ, Кој е единствен таков. Деновиве некои луѓе ме запрашаа: „Има многу религии, отче, и многу учители, и многу проповедници, и многу различни перцепции за Бога. Која е вистината?“ А јас им одговорив: „Погледнете ги сите други учители и проповедници што тврделе дека се од Бога пратени. Сите тие за да го рашират своето учење употребиле инструменти од овој свет, како што се, на пример, силата, власта, моќта, парите, оружјето итн. Само Христос не употреби средства од овој свет, сила од овој свет. Единствено Негово оружје беше служењето во љубовта“. Исто така, после Неговото Воскресение и Вознесение Он ги испрати Своите Апостоли да го шират спасителното откровение Божјо не со сила и манипулации, туку со служење во смирение. Им рече: Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци. Затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби (Мт.10:16). И токму со нивното смирение, со нивниот труд во љубовта, илјадници и илјадници луѓе до денес се спасуваат и се уподобуваат на Апостолите. Ете, по тоа ќе познаеме дека Он е единствениот Светилник на овој свет, единствената Светлина: Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот (Јн.8:12).

Да се молиме за нашата Татковина, оти имало и во нашиот род такви личности, подобни на Апостолите, кои евангелски му послужиле на народот свој. Тоа се сите оние наши преродбеници, борци за слобода, учители, народни апостоли, кои се жртвуваа, кои ги положија своите животи за црковното и народно дело, и станаа маченици, се овенчаа со маченичка слава, и со своите незаборавни подвизи на љубовта, го украсија духовниот македонски небосклон. Заборавајќи се себеси, тие му послужија на својот народ и својата Татковина и го исполнија евангелскиот идеал. Но, за жал, денес, со ова што се случува, ние покажуваме презир кон нив. Правиме најголем грев против тие што ги посветија своите животи и пролеваа крв за овој народ, за оваа вера, за нашата Татковина. Затоа тие ќе ни бидат и судии, како што Господ им рече на Евреите кога тие се фалеа дека Мојсеј е нивниот учител: Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинувам пред Отецот; има кој да говори против вас – Мојсеј, на кого вие се надевате. Оти, ако бевте му верувале на Мојсеја, и Мене ќе Ми поверувавте, зашто тој пишуваше за Мене (Јн.5:45-46).

Но, ние да Го молиме семилостивиот Бог да ни прости на сите, и постите што ги минуваме сега да ни бидат за очистување, за спасение и за соединување со Него. И ништо да не бараме за себе во благодатното Царство Христово, знаејќи дека последните ќе бидат први. Господ нека нè удостои да бидеме последни и слуги на сите, а први во доброто и љубовта“. Амин!

04.jpg

07.jpg

08.jpg

 09.jpg

 10.jpg

 11.jpg

 12.jpg

 Извор: Бигорски манастир



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная