ЗА ЛАЖНОТО СМИРЕНИЕ - Светите преподобни оци Варсануфиј и Јован
Ти се нарекуваш себеси грешник, а всушност со животот свој покажуваш дека не се чувствуваш таков. Оној што се смета за грешник и виновен за многу зла, тој на никого не му противречи, со никого не се кара и на никого не се гневи, туку сите ги смета подобри и поразумни од себеси.
Ако си ти грешен, тогаш зошто го прекоруваш својот ближен и го обвинуваш како преку него да доаѓа твојата жалост? - Од ова произлегува дека и јас и ти уште не сме почнале да се сметаме за грешници.
Гледај, брату, какви сме ние, едно зборува нашата уста, а нашите дела покажуваат нешто сосема друго.
И зошто кога се бориме со нашите помисли, не добиваме сили да можеме да ги победиме? Зошто најнапред го осудуваме нашиот ближен и преку тоа ги ослабуваме нашите духовни сили?
И зошто го обвинуваме нашиот брат, кога и ние самите сме виновни? - Возложи ја на Господа секоја твоја помисла и говори вака: "Бог го знае она што е корисно". И ќе се успокоиш и малку по малку ќе добиваш сила да можеш да трпиш.
Избор од фб профил на :
Аргирета Атева