ЛИТУРГИЈАТА Е ПРОЗОРЕЦ, ИЗДЛАБЕН ОД ГОСПОДА ВО ГРЕШНИОТ СВЕТ
Како што мајката некогаш го води детето за рака, некогаш седи околу него и го гледа, а некогаш го зема во своите прегратки, го гали, му пее и го храни, така и Господ во сите црковни служби и во домашната молитва, како да нè држи за рака, нè набљудува оддалеку, а на Божествената Литургија, Тој нè зема во Своите раце, нè седнува со Себеси на маса, и нè храни од Својата трпеза.
Во сите служби, освен Литургијата, ние зборуваме со Господ како по телефон, а во Божествената Литургија, зборуваме со Господа лице во лице, непосредствено Му ги кажуваме своите потреби, лично Му благодариме и Му се молиме. Затоа, молитвата на Божествената Литургија е најдествена, отколку на било која друга служба“.
„Божествената Литургија – е прозорец, издлабен од Господа во грешниот, неверен, прељубодеен свет, низ кого влегува свеж воздух. Да не беше тој прозорец, верните би се задушиле“.
„Светите отци ја знаеле големата сила на Божествената Литургија и ја исповедале својата благоговејност пред неа. Преподобниот отец Серафим, кога му рекле дека тешко е за него, болен, да оди на Литургии, одговорил: „И на четири нозе ќе доползам, ако воопшто не можам да одам“.
Митрополит Венјамин Федченко
Избот од фб профил на
Dejan Apostolovski