логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 2P20151024_VAR_8615_1200.jpg

Хиротонија на Архимандрит Тихон (Шевкунов), авторот на делото „Несвети, а свети“

во Епископ Егоревски

24 октомври 2016 лето Господово
На 24 октомври 2015 год., во денот кога се празнува Соборот на ОптинскитеСтарци, Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил ја посети Казанската Амвросиевска ставропигијална женска пустина во Шамордино.

Оваа година се одбележуваат 25 години од возобновата на монашкиот живот во обителта, која е основана од Преп. Амвросиј во 1884 година.

Претстојателот на Руската Православна Црква ја возглави Божествената Литургија во главниот храм на Казанската Амвросиевска пустина – собор во чест на Казанската икона на Божјата Мајка.

На Литургијата беше извршена хиротонија на Архимандритот Тихон (Шевкунов, кој во православниот свет е особено познат по своето дело „Несвети а свети“),2P20151024-VAR_8578-1200_1.jpg настојател на Сретенскиот ставропигијален машки манастир, во епископ Егоревски викарен на Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил.

На Богослужението Патријархот Московски вознесе молитви за мир во Украина. По завршувањето на Литургијата, Светејшиот Патријарх Кирил се обрати со поздравно слово кон епископот Егоревски Тихон и му врачи архиерејски жезол. Според традицијата новоизбраниот епископ им го предаде на верниците својот прв архипастирски благослов. 

По завршувањето на празничното богослужение, на сите присутни им беа разделени малечки репродукции од Казанската икона на Божјата Мајка со Патријаршиски благослов.

Извор: Патриархиа.ру

Преземено од. Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4516
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4291
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3795
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…