Бог е Тој што чека

Божјите очи и „погледот“ постојано се свртени кон човекот, затоа што Неговата намера е да го бара дури и најмалото позитивно расположение во Неговото создание, и Тој влегува во срцето на човекот во истиот момент од неговиот живот, кога тој ќе се сврти кон Својот Создател со малку разбирање и смирение.


Не знам која е целта на било кој друг, но христијаните треба да си знаат дека нивната цел е Христос, а тоа подразбира прво Крст, па Воскресение. И што е најважно, зборовите на Спасителот, во светот ќе имате маки, но, знајте Јас го победив светот. И сега може ли да не интересира нешто друго освен Победникот.





- Монах- тоа е оној, кој не само што се труди да се моли нерасеано, но и живее нерасеано.



Меѓутоа, надежта во позитивната промена на односот меѓу човекот и природата таа го поврзува со тежнеењето на општеството кон духовна преродба. Антропогената основа на еколошките проблеми покажува дека светот кој нѐ опколува го менуваме во согласност со својот внатрешен свет, односно преобразувањето (обновувањето) на природата треба да започнува од преобразувањето (обновувањето) на душата. Според мислата на свети Максим Исповедник, човекот ќе биде во состојба целата земја да ја претвори во рај, дури тогаш, кога рајот ќе го носи во самиот себе“.





























