Св. старец Паисиј Светогорец: Секоја професија може да биде осветена
Ако човек е во добро внатрешно расположение, тогаш и неговата работа ќе биде осветена. На пример, кога еден чирак оди да изучи занает кај некој мајстор, мајсторот треба да го поучи, преку пример, како да живее духовно. Од ова полза ќе видат не само чиракот и мајсторот, туку и крајните корисници на произведените добра.


Општесвената слобода, и слободата национална и слободата државна и слободата интернационална, без ослободување од самиот себе си, се само заводливи и лажни имиња на различни зандани и разновидни кафези.
– Господ наш Седобар рекол: Без мене не можете ништо да направите, а се’ што Господ рече, е апсолутна вистина и само вистина. Затоа ние секогаш прво замолуваме: Боже, помогни ми, па потоа го правиме она што сме наумиле. Ете, го извадив трнот. Ух, колку гној! Не ја спуштај шепата додека не ја завиткам.


Сметам дека начинот на кој пристапуваме кон Светата Причест е термометар на нашата вера. Како што зборувавме дека термометар на нашата вера е молитвата, сега, пак, велам: вистински термометар е дали ќе заигра нашето срце при причестувањето. Молитвата е љубов кон Бога, и Светата Причест исто така е љубов..
Ми се чини јасно е дека сето страдање на овој свет никако не може да Му се припише на Создателот на светот. За чудо, луѓето не го избираат она што е подобро, туку нешто средно. Не кажувам полошо, туку средно. Меѓутоа, тоа средно, кога некој се фаќа за него и не сака да го прошири своето срце, тоа средно сепак станува тесно.
Како што ова наше тело, по излегувањето на душата од него, умира и почнува да смрди, така и душата, која е неподвижна на молитва, всушност е мртва, бедна и смрдлива. Затоа, да се биде лишен од молитвата – значи, полошо и од самата смрт. На ова, добро нѐ поучил големиот пророк Даниил,
„Идејата за божемно ’мешање во Божјата промисла‘, е една антихристијанска, антиправославна идеја и типичен пример на класичниот светски хуманизам. Класичниот хуманизам (не она што ние сега под тој поим подразбираме, туку така како што во почетокот тој беше толкуван), е ерес на обоготворување на човекот.
– Во светилникот на твојот живот има уште многу елеј. Но доколку го скршиш, тогаш елејот ќе се разлее и светилникот ќе изгасне. Таков е и животот! Бог ни го дава тој скапоцен дар. Ние луѓето го примаме и должни сме да го чуваме, а не да го изложуваме на бесмислени опасности. Биди внимателен и внимавај на твојот светилник!
Зависта може да биде емоционална реакција, но може да биде и постојан емоционален комплекс, навика, страст. Како емоционална реакција, зависта е карактеристична за инфантилниот период од развојот на личноста, и е пропратена со невротичен комплекс на себепонизување и идеализирање на другиот. Како страст, зависта се заснова врз несоодветна проценка, градење слика за себеси, комплекс на постојано споредување со другите.
Некој ти е пријател само кога има потреба од тебе, а те напушта во денот на твојата неволја;
Некогаш во древен Египет двајца пријатели од Александрија, решиле да го обиколат светот за да најдат барем еден мудар и среќен човек. По долги и бесплодни трагања, најпосле откриле еден свет Старец, којшто живеел осамено во планината. Отшелникот им се поклонил до земјата и радосно ги примил во својот дом.
Но, Го распнале токму затоа што Он ја изобличувал нивната религиозност како лажна религиозност или, кажано со нашиот современ јазик, ги изобличил нив заради превратувањето на религијата имено во идеологија. Зашто целата смисла на конфликтот меѓу Христос и оние што Го распнале, се сведувал на едно. Он, Христос, го поставил човекот над сè друго, го направил него, и само него, предмет на љубовта, предмет на апсолутно внимание.
„Огнената река“ (The River of Fire) е една од најзначајните работи на д-р Александар Каломирос. Таа претставува остра критика на псевдохристијанската концепција на „одмаздничкиот“ Бог. Каломирос проблемот го лоцира во т.н. „Западно богословие“ со јуридичка димензија во сотириологијата, каде Бог се доживува како творец на смртта (како казна), а спасението – како избавување од неопходниот и праведен гнев Божји.
Некогаш во древен Египет двајца пријатели од Александрија, решиле да го обиколат светот за да најдат барем еден мудар и среќен човек. По долги и бесплодни трагања, најпосле откриле еден свет Старец, којшто живеел осамено во планината. Отшелникот им се поклонил до земјата и радосно ги примил во својот дом.
Од Христовото Раѓање до Христовото Воскресение се наоѓа целата смисла на животот за христијаните. Тоа ни Го јави Самиот Бог, затоа среќата не е во тоа кому ќе му се падне паричката или кој ќе го фати крстот, туку кој ќе се сретне со Христос. Причеста ни ја дава таа средба.























