логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

silence

Па зар во Бог не се успокојува душата моја? ( Пс. 61:1)

Кога го отвори седмиот печат, настана тишина на небото околу половина час ( Откр. 8:1)

Тишината е светата тајна на идниот век (Св. Исак Сирин)

Тишината не е само отсуство на звуците кои што нè опкружуваат. Ниту пак означува недостаток на смеење, музика или споделени размислувања. Тишината е состојба на умот и срцето, предиспозиција на душата. Таа е внатрешен покој. Небесната тишина пронаоѓа врховно присуство во песните на радоста и неспознатливата веселба. Таа е стравопочит во присуство на божественото.

Тишината во овој свет нè носи од другата страна на земјотресите, бурните ветрови и огнениот пламен, од другата страна на стресот, страдањето и болката. Таа се претвора во нешто, кое што можеме да го слушнеме – слово на неискажливата убавина. Тишината ни дава можност да го чуеме тивкиот глас на Бога, кој што е како „здив од тих ветар“ (3 Цар. 19:12).

Помеѓу оддалечените планински предели на централниот дел на Јужна Франција се наоѓа еден скриен картузијански манастир кој што датира некаде од XI век. Неговиот „нов“ дел е изграден пред 200 години, наречен „Малата Картузијана“, тој дел е помал, но сепак масивна градба – сестра на „обителта на Големата Картузијана“, осована од св. Бруно во 1084 год. Картузијанците се придржувале до типикот на св. Бенедикт*. Многу веројатно е дека тие биле единствениот средновековен ред кој што строго се придржувал кон тој типик, истакнувајќи ја важноста на тишината.

Во шестата глава от типикот е вклучено следното предупредување: Бидејќи духот на тишината е исклучително важен, дури и најдобрите ученици треба ретко да добиваат дозвола за зборување, дури тоа да биде и за свет, полезен разговор. Зашто е напишано: „При многу зборување не се избегнува гревот“ ( Прич. 10:19) и уште: „Смртта и животот му се потчинети на јазикот“ (Прич. 18:22).

Таквата строгост во однос на придржувањето кон тишината може да делува многу сурова за повеќето православни христијани, дури и за оние, кои што се подвизуваат во монашкиот подвиг. Во православниот монашки живот недостатокот на прекумерна строгост е големо добро, но многу често тоа привлекува со себеси и голем недостаток на тишина. (Еднаш еден православен епископ го сподели со мене својот нерадосен впечаток: „Нашите монаси зборуваат премногу…“). За да го вратиме чувството за природата на тишината во тајната, ќе биде неопходно да поминеме извесно време во обителта на картузијаските монаси, или пак задолжително определено време да живееме со монаси кои што строго се придржуваат кон типикот на св. Бенедикт.

Пред многу години јас преживеав нешто слично, и тоа остави во мене особен впечаток – се надевам и се молам тој никогаш да не се загуби во потполност. Заедно со мојата сопруга и децата посетивме еден манастир, населен од монахињи, посветени на живот во созерцание, кои што со благословот на својот епископ се вселиле во дотогаш празниот манастир „Пти Шартруз“. Иако нивната Литургија и духовна практика биле под многу силно православно влијание, тие сопствената дарба за тишина ја давале на св. Бруно и средината создадена од него.

Еден конкретен момент од таа наша посета се издвојува пред сите останати. По утринската прошетка по околните ридови околу манастирот враќајки се најдов пред една огромна, резбана дрвена врата, која што води кон главните манастирски згради. Преминувајќи го дворот јас се најдов пред огромниот ѕид од камен на правата зграда, потоа преку еден свод влегов во деловите на задниот дел.

Пред мене се простираше долг ходник, околу три метра широк, исправен кон мракот. Преку прозорците од левата стана навлегуваше сончева светлина, осветлувајќи ги безбројните честици прав низ воздухот. Кога очите ми се насочија кон полумракот, забележав висока фигура, исправена во крајот на ходникот, облечена во монашка облека, со пуштена капа преку лицето. Сосема брзо разбрав дека гледам голема резбана дрвена статуа која што стотини години стоела на тоа место.

Преовладуваше полна тишина. Опкружена од камените ѕидови во песочна боја, а заедно со неа и мене. Тишината беше толку чувствена што дури го чувствував и биењето на срцето. Подот беше покриен со песок, поради што секој одделен чекор ја нарушуваше тишината.

Стоејќи неподвижен во тоа свето место, јас чувствував дека во ѕидовите е навлезена молитвата. Безбројните монаси, непознати за светот, но драги за Бог, поминуваат низ тој ходник со одмерени чекори во правец кон параклисот и богослуженијата на монашката заедница. За миг почувствував желба да бидам со нив, да ја пуштам капата преку главата и да поминам така некое време, часови во тишина, нарушувана единствено од импозантната убавина на грегоријанското пеење.

Си заминав од тоа место со исполнет со тага, со јасно сознание дека никогаш нема да можам да ја достигнам полнотата на внатрешниот покој, потребен за вистинското монаштво – било на Запад или на Исток. Јас, самиот, зборувам премногу, честопати се чувствувам збунет, премногу сум повреден од судирот со овој свет, премногу нетрпелив, горделив… Но на прво место, на мене ми недостасува тишината – оној вид на тишина, која што се раѓа од вистинската внатрешна борба против сето она што го набројав, а исто и против многу други нешта, кои што се дрзнувам да ги кажам единствено на исповед.

И денес поради истите причини ја чувстувам онаа тага. Сепак со Божјата благодат јас можав да вкусам од убавината и силата на тишината, па макар што тоа беше и за кратко. И сум благодарен.

Доколку би можел да им подарам нешто на нашите монаси, тогаш би ја избрал дарот на тишината. Тишината во надворешните услови на нашиот живот, која што содејствува за развивање на длабоко внатрешна тишина. Тишина, која го задушува шумот, кој  го исполнува умот. Тишина, која што ги отвора срцето и умот кон недостижните височини на молитвата.

Тишина, која ни дозволува да го чуеме тивкиот глас на Бог кој што е како „здив од тих ветар“.

*Делото претставува правила за монашки живот, напишано од св. Бенедикт Нурсиски околку 540 год., ред назначен за монаси, коишто живеат во манастир под раководство на абат. Постоејќи околу 1500 год., тие правила претставуваат еден од основните монашки правила во западното христијанство.

 Протоереј Џон Брек


Извор: http://www.pppe.mk/2017/%d1%82%d0%b8%d1%88%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%be-%d1%82%d0%b0%d1%98%d0%bd%d0%b0/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная