Застанати пред суштествениот егзистенцијалнен избор меѓу повампирувањето и воскресението, слободната личност неповратно се нурнува во вечноста: во вечно постоење во смртта, или во вечно постоење во животот. Затоа, времето, а со него и неговото пресметување (т.е. календарот) следува безостаточно да се насочат кон воскресението Христово – празникот кој не подлежи на статичното календарско утврдување на празнувањата, туку се темели врз поинакви принципи во пресметувањето и осмислувањето на времето.
“Oтстранувајтe сe oд злoтo, прилeпувајтe сe кoн дoбрoтo” (Рим. 12:9), нè пoучува апoстoлoт Христoв. Мрази гo злoтo, нo нe мрази гo чoвeкoт кoј прави злo, бидeјќи тoј e бoлeн.Акo мoжeш, лeкувај гo бoлниoт, нo нe убивај гo сo твoјата oмраза. Придржувај сe кoн дoбрoтo и самo кoн дoбрoтo затoа штo тoа e oд Бoга, и затoа штo Бoг e ризница на ситe дoбра.
Божиќните празнувања кои сите ние секоја година со нетрпение ги очекуваме, за своја основа го имаат воплотувањето Христово, кое пак е средишна точка на мистичното откровение на божјата милост. Рождеството Христово е печат на љубовта на Бог Отец преку која Тој ја покажа неизмерната грижа за Своето создание.
Сите сме чуле за онаа народната, дека сме толку во неред како „село без кучиња„. Да, нашето срце оддадено на страстите кои толку се вкорениле во него што лесно им овозможуваме на демоните да прават неред во нас, бидејќи не бдееме и не го чуваме нашето срце, и така стануваме пример за неред, а нередот укажува на хаос, а хаосот на ништовност и непостоење, т.е. на пеколна состојба.
Вечен закон на небото е дека помалото ќе учествува преку повеликото во она што е над суштествувањето. Така, како што Мајката Дева е неспоредливо повелика од сѐ така и многумина што ќе учествуваат во Бог тоа ќе го направат преку Неа, и како што многумина ќе Го познаат Бог, ќе ја препознаат Неа како Онаа што Го носеше Несместливиот, и како што многумина ќе Го слават Бог,...
Кoј мoжe да замисли и да признаe дeка ниe прeку благoдатта смe спасeни? Дeка смe спасeни нe пo наши заслуги и дeла, туку прeку благoдатта Бoжја, кoј тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe? Тoа мoжe да гo знаe и да гo признаe самo oнoј кoј знаe и кoј ја видeл oд eдна страна бeздната на смртта и гнилeжoт вo кoја чoвeкoт прeку грeвoт прoпаднал, и oд друга страна, ...
Управникот на синагогата Јаир паднал пред нозете Исусови и Го молел да отиде во домот негов. Неговата единствена дванаесетгодишна ќерка била тешко болна и умирала. Христос Бог, нашиот добар Пастир, подготвен да ја положи душата Своја за овците Свои, се согласил и заедно со Јаир, следени од многу народ и од светите апостоли, тргнал кон домот Јаиров.
Може ли секој од нас да си одговори на прашањето колку време од 24-часовниот ден ѝ посветува на лично-соборната молитва насамо? И колку во тие претпоставени десетина минути молитва нашиот ум е собран во зборовите на молитвата? Се лажеме себеси ако одговорот е позитивен, нели?
Значи, каква поука можеме да извлечеме од поведението на Марта?
Смртта всушност не е крај, туку едноставно – смртта е премин. Крај е ако ние не веруваме во Бога и не вршиме дела Божји, меѓутоа премин е ако живееме Божествен живот, како што апостол Павле вели: не живеам веќе јас, туку Христос живее во мене. Ние се распнавме за Христа заедно со Него, и нашиот живот е Христов живот, Божествен живот. Тоа се гледа преку содржината и достоинството на нашиот живот.
Ако нема покајние ќе има неблагоданост, ако нема очистување на срцето ќе има бесчуствителност, ако нема насоченост на животот кон обожување ќе има свесно или несвесно определување за злото, иако ќе има радост и веселие, но на сметка на мачениците кои ги произведуваме од нашето нехристијанско однесување.
Тоа секако упатува на она евангелско место каде што Спасителот им зборуваше на апостолите, сакајќи да им го покаже најважниот и најсуштествениот дар со којшто човекот е богоовенчан: Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди; но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што имињата ваши се напишани на небесата! Името на богатиот остана ненапишано на небесата.
Да Ѝ благодариме на Пресвета Богородица што благоизволи да го обновиме овој преубав храм, кој е украс во овој крај и кој така хармонично се слеа во природните убавини што Бог ги дал овде. Да се помолиме да ни даде сили целосно да го завршиме, да го живописаме и најпосле осветиме, а за тоа ќе треба да придонесеме сите....
Он во Неа ги соединил одделените убавини што им ги раздал на другите созданија и од Неа направил заеднички украс на сите видливи и невидливи суштества; или поскоро, од Неа направил мешавина од сите божествени, англески и човечки совршенства, една врвна убавина што ги разубавува и двата света, која се издигнува од земјата до небото, а последново дури надминувајќи го.”
„Ако те напаѓа бесот на гневот, бегај во друга соба, во тоалет – смири се, расуди сè и врати се, смирено решавај ги сите проблеми. Ако настанала расправија, прва побарај прошка – победи го бесот“.
„Од лицемерието до лукавството, само еден чекор. А од лукавството до предавањето на Господа – исто така еден чекор, кој многу лесно се пречекорува“.
Современиот човек треба да го цени спасителното посредство на Богородица, во страдањата и маките не треба да заборави за Помошничката на оние што страдаат, Застапничката, Покровителката, Утешителката на оние што очајуваат; обраќајќи се кон Неа тој секогаш ќе најде спокој, решение и одговор. Да се помолиме, бидејќи Богородица, „посредничката кон Животот“, секогаш го давала својот благослов...
Затoа св. Златoуст и вeли: “Oва нe e мoжнo да сe разбeрe вo oднoс на кoј билo друг чoвeк, туку вo oднoс самo на Христа”. Прoрoкoт oвдe јаснo ги изразува двeтe прирoди кај Спаситeлoт на свeтoт: чoвeчката и бoжeствeната. Младeнeц сe рoди - тoа ја oзначува чистата чoвeчка прирoда. Син ни сe дадe - тoа ги сoeдинува двeтe прирoди вo eдна личнoст. Син Бoжји и Син на Дeва вo личнoста на вoплoтeниoт Гoспoд.
Како христијани, кон што ние целиме? Одговорот на ова зависи од тоа, како Му пристапуваме на Бога. Дали како робови, слуги или деца. Да видиме што вели блажениот Теофилакт Охридски, познат толкувач на Библијата, за ова: „Има три степени помеѓу оние што се спасуваат. Првите се како робови, кои го вршат она што е добро, бидејќи се плашат од судот. Вторите приличат на најмени слуги и таквите сакаат да Му служат на Бога, заради желбата да бидат наградени со блага. Но, ако се од третиот вид,
Oти, oткакo ги избeгналe свeтoвнитe сквeрнoсти прeку пoзнавањeтo на Гoспoда и Спаситeлoт наш Исус Христoс, акo пак сe заплeтат вo нив и
бидат пoбeдeни, тoгаш за такви пoслeднoтo ќe им бидe пoлoшo oд првoтo (IIПeтр. 2:20).