Жарко Ѓоргиевски - Беседа за милосрдието (15.10.2017)
Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои единствена љубов од која како плодородна река истекува милосрдието кое за сите мудрости од овој свет е лудост, зашто од христијаните се бара љубов совршена, љубов нелицемерна, љубов не само кон кон пријателите, но и љубов кон непријателите.



Човекот, пак, по природа е создаден за тоа Царство, создаден да биде учесник во Божјата природа. „Надвор од Црквата нема спасение", и самата Црква е спасението. А спасението е откровение на вистинскиот пат, и таа вистина се наоѓа и се открива само во Црквата. Полнотата на откровението постои само во тајната на воплотувањето, бидејќи овде не се открива само Бог, но и човекот. Бог, Кој владее со Своето Царство - Црквата
По која цена Тој нам ни ја нуди Својата победа? По евтина цена браќа и сестри; по многу евтина цена браќа и сестри мои.Тој нам ни ја дава најскапоценат победа. 
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ научи Кој Е апсолутна слобода. Она нѐ научи Кој Е одрекување од овој свет. Она нѐ научи Кој Е небесно смирение. Она нѐ научи Кој Е непрелестно кружно движење на умот во Бог, односно благодатна умно-срдечна молитва. Она нѐ научи Кој Е совршена заедница со Бог. Она е новиот, личносен однос со Бог.
Праќајки го да се измие на бањата Силоам, Тој всушност го упатува секој човек најпрво на св. Крштение, за да му бидат отворени и очите на неговата душа. Незнабожечкиот народ го прифаќал Христа, а додека еврејскиот, со мали исклучоци, го отфрлил. Еврејскиот народ го предал Христа на страдање и смрт, а незнабожечкиот страдал и бил убиван за да биде со Христа.
Свети Наум е и мудар духовен отец и учител, драги браќа и сестри бидејќи достојно го продолжил делото на свети Климент во Охрид.
Сконцентрираноста, нерасеаноста, задлабоченоста на умот во молитвата е најтесно поврзана со начинот на живот на светителот кој денес го празнуваме. Спротивно; расеаноста, површноста е еден од главните белези на денешниот начин на живот.
Но дали природата на светот, на светот видлив и на светот невидлив има некаков заеднички именител со злото? Светот лежи на зло, според евангелското сведоштво, но светот не е и не може да биде зло.Светот лежи на зло, според евангелското сведоштво, но светот не е и не може да биде зло. Природата на светот е светоста.
Како се објаснува решителноста на простите рибари веднаш да тргнат по Христа? Човековата душа е дадена од Бога, и таа се стреми кон Бога, копнее по правда, бара вистина, чезнее по неа. Така било и со првите апостоли. Нивните души биле чисти, прости, невини како детските. Христос овоплотената вистина, вечната правда завладеал со нив. Христос ги учел од ловци на риби да бидат ловци на луѓе, ги направил проповедници на новиот живот,
Секогаш беше радосен, се шегуваше. Беше многу благодатен човек. Кога почина отидовме да го погребаме. Кога му ги симнаа обувките. - Ќе се стресете, деца, долу, каде што е стапалото, му се гледаа коските! Месото го немаше! Разбирате ли?... И покрај тоа одеше два пати во седмицата во Кареја, им служеше на сите отци наоколу, гладуваше, секогаш беше натоварен, тој никогаш не се жалеше.
Од аголниот камен на чудата Христови секогаш се прекршувала човечката вера и човечкото неверие. Уште од чудото на Неговото зачнување, па сé до чудото на Неговото вознесение. Отсекогаш, па и денес. Спасителот, во своето бескрајно смирение, се утешуваше: “Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Т
Моето размислување за тоа каков треба да биде стилот на проповедта започнува со една теологумена за тоа како би се развивала мисијата на Божјата Црква ако Христос избереше поинаков стил на проповед, бидејќи Христос ја започна Својата мисија на земјата не со проповед со премудри и неразбирливи зборови, туку со дела кои го сведочеа Неговиот збор, словото на Божјото Слово.
Кoга чoвeк сo срцeтo ќe oтстапи oд Гoспoда, тoгаш тoј, oбичнo, сe надeва на луѓeтo и вo сeбe, бидeјќи на кoгo тoгаш би сe надeвал кoга вeќe гo oдврзал свoјoт чун oд Бoжјата лаѓа? Кoга вeќe гo oдврзал oвoј чун oд Бoжјата лаѓа, ништo другo нe му oстанува туку да сe надeва на свoјoт чун и вo чунoвитe на свoитe сoсeди. Слабo надeвањe, нo другo и нeма! Плачeвнo надeвањe над бeздната на прoпаст, нo другo и нeма!
Под вода жива Господ мислел на Духот Свет. И кога со неа го напоил светот, кога Светиот Дух слегол врз Апостолите, тогаш луѓето навистина започнале да пијат жива вода, вода која лечи од смртта, вода која секоја смрт ја изгонува, вода која дава бесмртност и живот вечен.
Водата која Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во нашето срце, која ја добиваме при Светото Крштение. Срцето најнапред треба доволно да се очисти од нечистотијата на страстите, од наслагите на гревот и од влијанието на демонот, па потоа благодатта протекува од него.
Своите погледи Кекавмен ги презентира врз база на сопственото искуство, „без да ги систематизира во согласност со некое определено учење.“ Евангелските завети и личното искуство се двата основни ориентири во сите негови размислувања. А, пак, целта му е давање поуки како да се заслужи и спасение на душата и како да се стекне матерјално добро, меѓутоа да не биде во противречност со Евангелето и не паѓајќи во грев.























