Митрополит Струмички Наум: Свети Апостол Тома и ние (20.04.2018)
Кој е тој опит за кој постојано говориме и овде и порано, а кој го опишуваме како знаење на умот (разумот), што произлегува од опит на заедницата со Бог, во нашето срце? Тоа е опитот во умно-срдечната молитва. Без овој опит нема благодатна вера, нема просветлување на умот и нема постојано преобразување на човекот до обожение.


Состојбата на нашиот умот е критериум за нашата духовна состојба, затоа што и падот и исцелението на човекот започнуваат од него. Паднатиот ум е горд, расеан преку страстите по светот и затемнет. Исцелениот ум е смирен, собран преку молитвата во Бог и просветлен. Доколку сакаме, значи, вистински да учествуваме во Христовото Распнување, Христовото Погребение и Христовото Воскресение...
разникот на Влегувањето на нашиот Господ и Спасител во Ерусалим е настан кој изобилува со символи. Тоа ни зборува за исклучителната важност што тој ја има во евангелската историја. Настан предвесник на една надисториска драма. Во него се мешаат, радоста и тагата, свеченоста и едноставноста, небесното и земното, вечното и минливото, љубовта и суетата, верата и суеверието. Т
Причината е, најјасно кажано, нашата желба за „царство овоземно”, наместо Царство Небесно. Нели го забележуваме тоа суптилно тежнеење внатре во нас, почнувајќи од себе и од нашето најтесно семејство, па сѐ до најшироката заедница, да создадеме некакво „земно царство” на сладости – и тоа по наша мерка; и нели забележуваме дека колку повеќе се трудиме, толку повеќе тоа „земно царство”
Втoрoтo дoаѓањe на Гoспoда ќe бидe дoаѓањe сo слава. Тoа Гoспoд пoвeќeпати гo кажал.
И што гледаме ние денес на храмовиот иконостас – икона на Царството Небесно: кој седи од десната и од левата страна Христова? Не седи ниту апостол – па бил тој Петар или Павле, ниту некој свет архиереј, односно не седи претставник на надворешното свештенство; не седи никој друг, туку првите и совршени ...
Едно е аскетска вера и доверба во Господ, а друго е благодатна вера: благодатната вера веќе преминува во познание, знаење и сигурност. Едно е аскетското исполнување на Божјите заповеди, а друго е благодатното исполнување. Едно е аскетска молитва, а друго е благодатна молитва. Едно е аскетска љубов кон нашите ближни, а друго е благодатна љубов, итн.
На луѓето со високо мислење за самите себе, како и на оние што пребиваат во незнаење, им се случува да го освестат фактот за заробеноста дури после доживувањето на сериозни несреќи и болести во својот живот. Да не бидеме како нив!
Така гoвoри Дoмаќинoт на двата свeта, на матeријалниoт и на духoвниoт. Матeријалнoтo бoгатствo Oн гo нарeкува “малку”, а духoвнoтo бoгатствo гo имeува “мнoгу”. На кoгo ќe му сe дадe матeријалнo бoгатствo и сe пoкажe: сeбичeн, скржав, лoш, нeмилoстив и бeзбoжeн, на нeгo нe мoжe да му сe дадe духoвнo бoгатствo, бидeјќи кoга e нeвeрeн вo малку, ќe бидe нeвeрeн..
Прифаќањето на Божјото слово за нас, прифаќањето на Божјата волја за нас и прифаќањето на Божјата промисла за нас, со смирение и благодарност, истовремено значи и наше отворање и наше прифаќање на Божјата благодат. Следствено, тоа значи и наше исцеление, и душевно и телесно.
Камeнтeмeлник e Христoс Гoспoд. Јуда паднал на тoј камeн и сe разбил. Ирoд паднал на тoј камeн и сe разбил. Јулијан Oтстапник паднал на тoј камeн и сe разбил. Ариe паднал на тoј камeн и сe разбил. Oдрeкувачитe и тиe штo сe пoдбиваат сo Христа паѓаат на тoј камeн и сe разбиваат какo грнчарски садoви.
Духoвнитe луѓe судат пo духoт, а тeлeснитe пo тeлoтo. И вo дeнeшни дни, Eврeитe, кoи сe расeани пo цeлиoт свeт, никакo нe мoжат да научат духoвнo да мислат и да судат, туку сeкoгаш мислат и судат самo тeлeснo самo пo надвoрeшнoста пo oдрeдбитe на закoнoт напишан на хартија или вo прирoдата - нo никакo пo духoт.
Човекот се враќа во небесниот Ерусалим по обратен редослед, си простува прво себе преку покајанието и промената на начинот на живот кој отсега по исповедта треба да го усогласува со Христовиот, му простува на ближниот оти преку ближниот кој икона Христова се доаѓа до Бога, а Бог веќе во Христа му простил. Адам беше изгонет од рајот бидејќи не побара прошка од Бога, и го обвини, не и прости ниту на Ева бидејќи не си прости ни
Го прославувам мојот именден, се разбира оддавајќи му чест на големиот Божји угодник Свети Партениј Лампсакиски, којшто и го осветил тоа име, така што тоа станало, како и имињата на другите Светии, симбол за светост. Меѓутоа, треба да знаеме дека зад името што секого од нас лично го носи, или поточно кажано, пред и над нашето лично име, сите ние овде го носиме првенствено името Христијанин.
Но, како простувањето и барањето прошка да ни стане освестен подвиг, а не само подвиг што го правиме со вера и послушност кон Евангелието? Станува освестен подвиг кога ќе осознаеме дека критериум на нашата вина се Богочовекот Христос и Божјата правда, а не човекот и човечката правда. Што значи тоа во пракса?
Кога ја негуваме соборноста, ние на дело ја исполнуваме Христовата заповед: „Да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Јован 15,12). А само кога сме во љубов и слога, ние тогаш не забораваме да правиме добрини на сите, бидејќи само преку взаемно служење, едни со други, ние Му служиме и на Бога, Кој токму за тоа ни сведочи и нè поучува и во денешното евангелие,
Во подготвителната недела пред Великиот пост, неделата на блудниот син, Бигорската обител со бдение и Божествена Литургија го продолжи духовното приближување кон светите денови на посното очистување, подарено на верните како некое бесценето богатство од неисцрпните ризници на Црквата Христова. Освен покајничките и трогателни песнопенија,
Еве како реагираат оние што се од ’Стариот Завет‘; оние што мислат дека се на првиот степен – чистење на срцето од страстите, а што не внимаваат на своите страсти (на страста на умот, гордоста); оние што имаат високо мислење за самите себе; оние што неправилно се подвизуваат; оние што ја злоупотребуваат првата благодат, т.е. плодовите од гледањето на првата светлина;
Демонот не нè навлекува на злото и гревот одеднаш, туку постепено, затоа што ако од почеток ни ја открие неговата крајна цел, сигурно ќе нè преплаши и ќе нè одврати од гревот. Демонот прво го наговара помладиот син да побара и присвои „дел“ од она што не се дели и што не се присвојува само за себе, а потоа, врз основа на утврдената и прифатена помисла дека „нешто има“, го прелажува да се одлучи на самостоен и себедоволен живот.
Да се плашиме, значи, од осудувањето. Оној којшто суди најтешко ќе падне, а оној, пак, кој се смирува, тој не може да падне, оти веќе се чувствува како најдолен и најгрешен. Божјата благодат и заштита ќе бидат со него, зашто тој на правилен начин Го бара Лекарот. Најтешко болен е тој што не знае дека е болен и следствено – не бара лек.























