Солзи (09.02.2016)
Солзите кои се проливаат заради гревовите, најнапред стануват горки, тие течат во болка и мака на душата, а таа болка и мака, духот ја пренесува на телото. Малку по малку, со солзите почнува да се соединува утехата која се состои во особено спокојство, во чувство на кроткост и смирение; заедно со тоа, се менуваат и самите солзи, сразмерно со утехата, притоа во значајна мера губејќи ја горчината, па така тие течат без болка или со помалку болка.